17 деца и 4 возрасни се повредени во превртениот српски автобус во Бугарија

Универзитетската болница во Стара Загора, Бугарија, вечерва прими 17 деца повредени во несреќата на автопатот Тракија. Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија и се превртел во ендек при што нема загинати, соопшти бугарската поиција. 

Директорот на болницата Јовчо Јовчев за БТА изјави дека најмладиот има 6 години, најстариот 17 години. Тројца се со потешки набиеници и гребнатини, изјави д-р Јовчев. Според него, има еден маж на кој му е со тешка повреда на нога.

„Од примените деца, четири се испратени на скенирање. Едно од постарите повредени има сериозна повреда на ногата и најверојатно ќе треба ампутација", изјави Јовчев.

Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар.

Според сведокот Наташа Радовановиќ, несреќата се случила откако таткото на едно од децата побарал да седне напред, на седиштето покрај возачот на автобусот, бидејќи не се чувствувал добро. Во тој момент вниманието на возачот било одвлечено, тој го свртел воланот надесно и автобусот излетал од патот.

Автопатските ленти биле влажни бидејќи непосредно пред несреќата во тој дел врнел силен дожд, пренесуваат бугарските медиуми.

„Еден од родителите во автобусот сакаше да седне на предното седиште до возачот. Се сврте да го отвори седиштето и така се заврте воланот“, ги пренесува „Нова.бг“ зборовите на Радовановиќ.

По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Ова го соопштија од обвинителството. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе