Најавата за масовно тестирање, која доцна во вторникот ја објави пекиншката област Фенгтаи на социјалните мрежи, предизвика поплаки од некои граѓани, кои повторно ќе мора да чекаат во редици на студено време.
Пекинг ги засили веќе строгите мерки против пандемијата, обидувајќи се целосно да ја запре заразата пред Олимписките игри, кои се отвораат за девет дена.
Градот неделава објави дека секој што ќе купи лек против температура, главоболка или други слични лекови ќе биде тестиран за ковид-19 во рок од 72 часа.
Двата милиони жители на округот Фенгтаи, каде што беа откриени повеќето случаи во Пекинг, се тестираат по трет пат од минатиот викенд.
Околу 90 луѓе на социјалните мрежи ја прокоментираа најавата за масовното тестирање.
Некои рекоа дека честото тестирање ги троши ресурсите, ја нарушува работата и секојдневниот живот и ги оптоварува здравствените работници и службениците во заедницата.
Кина пријави 24 нови локални случаи во последните 24 часа, од кои 14 во Пекинг.
Тоа е зголемување од пет случаи во Пекинг и 18 низ целата земја од претходниот ден.