130 папки за Југославија во архивите за папата Пиј XII

Во ватиканската архива од периодот за папата Пиј XII (1939-1958), која неодамна беше отворена за истражувачите, има 130 папки што се однесуваат на тогашна Југославија, рекол за српска Политика српскиот експерт Милосав Ѓоковиќ, кој бил меѓу првите што ги виделе документите.

Според Ѓоковиќ, голем број документи се однесуваат на верската состојба во Независната држава Хрватска (НДХ), а има и за окупирана Србија. Од особен интерес за него е кореспонденцијата на загрепскиот надбискуп Алојзије Степинац со Ватикан.

Тој за Политика рекол дека фасцинантен е бројот на документите во првиот дел од Конгрегациониот фонд за вонредни црковни работи во серијалот „Југославија“, а дека се интересни и писмата на апостолскиот визитатор во Загреб, опатот Марконе.

„Подеднакво интересна е и кореспонденцијата на југословенската амбасада во Ватикан со Државниот секретаријат“, рече Ѓоковиќ, кој дипломирал на Православниот теолошки факултет и докторирал во Рим на Понтификалниот ориентален институт.

Ѓоковиќ истакнал дека документите главно биле напишани на италијански, како и на латински и француски јазик.

Како што вели, истражувачите ги чека голем предизвик и напорна работа, затоа што сите овие документи треба внимателно и темелно да се изучат за да можат конечно да се разјаснат и да се решат многу сомнежи и прашања.

Ѓоковиќ, на кого му е одобрен влез во архивата на Ватикан, вели дека таа е отворена секој ден четири часа и дека може да прими 20 истражувачи. Архивскиот материјал од 1939 година, кој се однесува на папата Пиј XII, може да се користи само во дигитален формат, а секој што сака да добие пропусница за архивата мора да има соодветно високо образование.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе