Трето барање за исклучување на Фидес

13 членки на Европската народна партија побараа исклучување на партијата на Орбан

Вкупно 13 партии членки на Европската народна партија (ЕПП) побараа денес од таа група да биде исфрлена партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Бараме исфрлање на Фидес од ЕПП. Развојот на ситуацијата го потврдува нашето уверување дека Фидес, со сегашната политика, не може да го ужива членството во ЕПП“, се наведува во писмото испратено до претседателот на таа европска група Доналд Туск.

Исфрлање на Фидес побараа лидерите на 13 партии од вкупно 82 во ЕПП, меѓу кои и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Меѓутоа, ниедна од големите политички формации во таа група, како Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел и Народната партија во Шпанија, не се дел од иницијативата.

Барањето на тие 13 партии ќе му овозможи на Туск да почне постапка за исклучување. Тоа е трето барање за исклучување на партијата на Орбан, но претходните обиди беа безуспешни затоа што некои партии како ЦДУ одбија да гласаат.

ЕПП во март 2019 го суспендираше Фидес на неодредени, бидејќи веќе низа години сѐ повеќе се оддалечува од политиката на групацијата на десниот центар.

Европската Унија е загрижена поради тоа што унгарскиот парламент на 30 март го усвои спорниот закон кој му дозволува на Орбан да владее со укази за време на вонредната состојба со неограничено траење.

Орбановите критичари во Унгарија но и во странство тој закон го сметаат за инструмент чија цел е речиси целосна контрола на владата која ја користи пандемијата на коронавирусот како изговор.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе