СКЕПТИЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА Е експериментална грешка

За 70 дена до Марс? Тестовите на НАСА потврдија дека ЕМ-погонот функционира!

По повеќемесечни шпекулации и гласини, НАСА конечно го објави својот долгоочекуван истражувачки документ за контроверзниот погонувачки систем ЕМ-погон.

Тимот од истражувачи на НАСА го објави рецензентскиот труд неодамна во Журнал за погонот и силата на Американскиот институт за аеронаутика и астронаутика и ја протресе научната заедница.

Се чини дека тие создале функционален прототип на ЕМ-погонот.

Ако електромагнетната технологија се покаже остварлива, таа би можела радикално да го промени начинот на кој луѓето патуваат во вселената, отворајќи ја можноста за патувања до Марс за само 70 дена. Уредот очигледно би се движел напред со микробранови што отскокнуваат напред-назад во затворен простор - тоа е она што го прави погонот толку моќен, а во исто време и толку контроверзен. Наречен ЕМ-драјв, на хартија и во досегашните тестови тој се состои од купишта работи што инаку спаѓаат во научната фантастика - од прекршување на добропознатите теории и законите на физиката, па сè до едноставната неможност да се објасни како сето тоа воопшто „работи“.

Така, голем број скептици се категорични дека уредот е повеќе научна фантастика отколку научен факт. Колку и да звучи ефикасен, овој тип погон му пркоси на еден од основните концепти на физиката - одржувањето на импулсот, што значи дека за нешто да се движи напред, треба да се изврши некој вид потисок во спротивната насока. Критичарите брзо истакнуваат дека за секоја акција, мора да постои еднаква и спротивна реакција. Од таа причина, идејата беше широко исмејувана и игнорирана кога во раните 2000-ти ја претстави нејзиниот изумител, англискиот истражувач Роџер Шоер.

Но неколку години подоцна тим од кинески научници одлучи да изгради сопствена верзија на идејата, а на изненадување на сите - таа функционираше!

Потоа истото го направи и еден американски пронаоѓач, кој ја убеди НАСА да го тестира.

Вистинската возбуда почна кога истражувачите на НАСА во март признаа дека, и покрај тоа што повеќе од една година се обидувале да најдат дупки во ЕМ-погонот, тој продолжувал да работи - па дури и во вакуум.

Многумина сега ги отфрлаат резултатите како експериментална грешка, вклучувајќи го и експертот за напредни погонски системи Брис Касенти, кој вели дека веројатно постои некакво „земско објаснување“ зад наодите на НАСА.

„На пример, електричните текови се вжештени компоненти во рамките на погонот што се шират во текот на експериментите, кои предизвикуваат движење што изгледа како сила“, вели Касенти.

Но иако тврди дека има мали шанси резултатите да ги издржат понатамошните проверки, признава дека ова сепак „не е нула“.

Резултатот на тестот сè уште е збунувачки. Погонот и понатаму произведува 1,2 милињутни по киловат потисок во вакуум - па едноставно не е јасно што точно го создава.

„Ако резултатите се валидни, тоа дефинитивно укажува на нова физика. За законите на Њутн веќе се покажа дека се неприменливи на висока релативна брзина (каде што функционира специјален релативитет), во големи гравитациони полиња, како и кај многу мали молекули. Но Њутн сè уште главно е во право. Секако дека постојат многу аспекти на физиката што не ги разбираме. Некои аспекти се толку таинствени што ние дури и не знаеме од каде да почнеме!“, вели Касенти за Ју-кон тудеј.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе