ОСИРИС-РЕКС во историска мисија

Вселенското летало на НАСА утре ќе проба да земе примерок од астероидот Бену

Леталото ОСИРИС-РЕкс влегува во историјата со обидот првпат да собере примерок од астероидот Бену со кратко допирање на неговата карпеста површина.

Вселенското летало на НАСА ОСИРИС-РЕкс ги помина последните четири години на патот долг 334 милиони километри до астероидот Бену, а потоа влезе во неговата орбита.

Заедно со јапонските вселенски летала Хајабуса и Хајабуса2, ова е првата мисија за собирање примерок од астероид и негово носење на Земјата.

Целта е леталото да собере најмалку 60 грама материјал од површината на Бену, пред да сврти и да се упати назад кон Земјата, каде што примерокот ќе може да се анализира во лабораториите.

Бидејќи се во прашање огромни растојанија, потребни се околу 18 и пол минути за сигналите да се испратат од Земјата до ОСИРИС-РЕкс. Ова значи дека леталото целата мисија за земање примероци треба да ја изврши автономно - тимот на Земјата претходно да ги постави сите команди, а потоа едноставно да го остави да работи.

Проф. Сара Расел е истражувач во Музејот и член на научниот тим на ОСИРИС-РЕкс.

„Ова е супервозбудлива мисија што ќе донесе повеќе карпи од која било друга вселенска мисија од мисиите на Аполо во 60-тите и 70-тите години на минатиот век“, вели Сара. „Сметаме дека Бену може да биде сличен на некои од метеоритите што ги имаме во нашата колекција во Музејот, но нема да знаеме со сигурност сѐ додека леталото не се врати на Земјата во 2023 година“.

Следете ја акцијата на веб-страницата на НАСА, вклучително и известување во живо за мисијата, кое ќе почне утре.

 

Како ОСИРИС-РЕкс ќе земе примероци од астероидот Бену?

Вселенското летало утре, 20 октомври, ќе се обиде да земе примерок со постапката „допирање и полетување“, во авијацискиот жаргон позната како Touch-And-Go (TAG). Мисијата се состои од три посебни маневри, за кои се очекува вкупно да траат четири и пол часа.

Првиот од нив е маневар Напуштање на орбитата, со кој леталото излегува од орбитата што моментално ја одржува околу астероидот и почнува да се спушта 770 метри. За време на четирите часа што ќе бидат потребни за ова, леталото ќе почне да го реконфигурира својот хардвер.

Ова вклучува испружување на неговата рака за земање примероци, позната како Механизам за собирање примероци со допирање и полетување (ТАГСАМ) во правилната позиција за земање мостри. На крајот од оваа рака е главата за земање мостри, која е единствениот дел од леталото што ќе го допре астероидот.

Соларните панели на ОСИРИС-РЕкс исто така ќе се повлечат назад за да се заштитат од какви било потенцијални удари на површината на астероидот, додека центарот на гравитацијата на леталото ќе се префрли директно над колекторската глава на ТАГСАМ.

Кога ОСИРИС-РЕкс ќе биде на само 125 метри над површината, тој ќе почне со маневарот Чекпоинт, со кој ќе се приспособат положбата и брзината на леталото додека тоа пострмно ќе се спушта кон астероидот.

По околу 11 минути ќе почне последниот маневар Мечпоинт, кој ќе го забави слетувањето на леталото и ќе се усогласи со ротацијата на астероидот за кога ќе се случи допирот.

ОСИРИС-РЕкс ќе го допре Бену помалку од 16 секунди, при што ТАГСАМ ќе испушти шише компресиран азотен гас за да подигне дел од површинскиот материјал. Ова потоа ќе биде собрано во уред сличен на филтер за воздух на главата на колекторот, пред вселенското летало да ги запали моторите и да се повлече на безбедно растојание.

Тоа носи три канистри со азот, што значи дека ако првиот обид не биде успешен, тогаш ќе има уште два обиди за собирање примерок.

 

Зошто ОСИРИС-РЕкс собира примерок од астероид?

Астероидот Бену е избран од над еден милион астероиди откриени како шетаат низ нашиот Сончев систем, делумно затоа што неговата орбита минува над нашата.

На научниците им е познат и проучуван уште од 1999 година, што значи дека тие прилично добро знаат од што е направен. Ова значи дека со посетата на самиот астероид, научниците ќе можат да видат колку биле точни нивните набљудувања.

Ова може да се покаже од витално значење при проучувањето на други, подалечни астероиди, што им овозможува на истражувачите да бидат посигурни во врска со физичките и хемиските својства што ги забележале на овие карпести тела.

„За карпите од астероидите како Бену исто така се смета дека се од времето кога се родил Сончевиот систем, па може да ни кажат како се формирале Сонцето и планетите и како еволуирале“, објаснува Сара. „Бену може да содржи вода и органски материјал и мислиме дека слични астероиди што удирале во младата Земја ги сееле материјалите потребни за да процвета животот“.

Конечно, проучувањето на Бену во толку ситни детали ќе им помогне на научниците да го разберат она што е познато како Јарковски ефект, а тоа е поврзано со тоа како малите, темни објекти во вселената ја апсорбираат, а потоа ја зрачат топлината од Сонцето. Ова може да влијае на нивната орбита и да ни помогне да откриеме дали некои астероиди се на пат да се судрат со Земјата.

Откако ОСИРИС-РЕкс ќе ги собере примероците, се очекува да го почне својот долг пат дома и, да се надеваме, да се врати на Земјата во 2023 година.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе