Во Грција на необично место откриле голем антички град (ВИДЕО)

Грчки археолози, на 560 километри северно од Атина, откриле остатоци од древниот град Влохос.

Големата населба стара околу 2.500 години останала незабележана сѐ до денес бидејќи најголемиот нејзин дел бил затрупан па се сметало дека станува збор за археолошки неинтересно село. Меѓутоа, најнови радарски истражувања покажале дека археолошкото наоѓалиште крие импозантни градежни конструкции како плоштади, улици, кули, и дека градот бил опколен со ѕидини со голема градска порта.

Откритието би можело да ја промени историската перцепција на просторот кој се сметал за периферија на античка Грција, а научниците се изненадени што никој досега подетално не го истражил локалитетот.

„Она што се сметало за остатоци од обична населба на рид, сега може да се унапреди во остатоци од град со поголемо значење од она што претходно се мислело, а тоа е резултат само од првата фаза од истражувањето“, вели шефот на истражувањата Робин Ронлунд, докторанд по класична археологија и древна историја на универзитетот во Гетеборг во Шведска.

„Откривме градски плоштад и мрежа од улици кои укажуваат дека станува збор за прилично голем град. Областа во ѕидините се простира на повеќе од 40 хектари. Најстарите најдени предмети потекнуваат од петтиот век пред Исус, а најголемиот развој населбата го имала во четвртиот и третиот век пред нашата ера, пред да биде од некој причина напуштена, можеби поради римските освојувања на тие краишта“, објаснува Ронлунд кој верува дека истражувањето подобро ќе го расветли историското значење на Тесалија.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе