Во близина на Земјата откриени 24 потенцијално „супернаселиви“ планети

Земјата е можеби единствената планета за која знаеме дека има живот на неа, но тоа не значи дека нема и други.

EPA-EFE

Ново истражување, објавено во научниот магазин Астробајолоџи, наведува дури 24 потенцијално „супернаселиви“ планети што може да имаат услови погодни за живот. Овие небесни тела се веројатно нешто постари од Земјата (имаат околу 4,5 милијарди години), малку се поголеми, потопли и повлажни.

Научниците сметаат дека тие планети кружат околу ѕвезди што имаат подолг животен век од Сонцето.

„Со помош на новите вселенски телескопи ќе добиеме повеќе информации, па важно е да знаеме и некои идни цели. Мораме да се фокусираме на планетите кои имаат најперспективни услови за сложен живот“, вели еден од истражувачите од Универзитетот Вашингтон, Сирк Шулц Макух.

Главните критериуми кои истражувачите ги земале предвид кај проценувањето на потенцијално населивите егзопланети се следните:

- се наоѓаат во населивата зона – дефинирана како областа околу ѕвездата каде планетата би можела да поддржува течна вода

- да се 20 отсто поголеми од Земјата

- да можат да имаат површинска температура до 5 Целзиусови степени повисока од Земјата

Овие 24 новооткриени егзопланети се оддалечени повеќе од 100 светлосни години од Земјата, но повеќе детали за нив ќе се добијат со новите вселенски телескопи. Еден од нив, „Џејмс Веб“ на американската вселенска агенција НАСА, би требало да биде лансиран на 30 октомври 2021 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе