„Морско чудовиште“

Уникатниот советски екраноплан снимен на брегот на Касписко Море (ВИДЕО)

Уникатен и џиновски екраноплан од ерата на Студената војна бил снимен со дрон на плажа на руската република Дагестан, каде што треба да се изгради воен забавен парк.

Vkontakte

На снимката направена од видеоагенцијата на РТ, Раптли, се гледа бизарниот екраноплан паркиран на брегот на Касписко Море во близина на дагестанскиот град Дербент. Возилото тешко 400 тони изгледа како авион поради крилата и турбинските мотори, но всушност е морнаричко возило вооружено со суперсонични проектили.

Трупот на бродот изгледа прилично зачуван, иако бојата е избледена и некои метални делови се зафатени со рѓа.

Екранопланот претходно бил довезен од руската морнаричка база Каспијск во Дербент, каде што треба да се изгради Партиотски парк. Поради состојбата на уникатното возило, и самата сценографија на плажата, изгледа како напуштено.

Меѓутоа, во позадина можат да се видат неколку багери и камиони, укажувајќи дека е во тек изградба.

Со официјална ознака МД-160, машината од Студената војна е единствениот примерок на возило од класата Лун кое било целосно завршено. Екранопланот, кој со помош на крилата летал неколку метри над водата, бил дизајниран за напади врз површински цели. Бил ефикасен благодарение на брзината од 297 јазли (550 км/ч) и тоа што летал под радарите.

Џинот служел во советската морнарица накратко во доцните 1980-ти, но бил повлечен од служба и отпишан по една деценија поради немањето средства за одржување. МД-160 останал во хангар во базата Каспијск сѐ додека руската војска решила да го подари на јавноста како дел од воениот парк.

Советскиот Сојуз отишол најдалеку во изградбата на функционален екраноплан погонуван од турбински мотори. Други земји како Германија и САД дизајнирале помали вакви возила, но тие биле или патнички или останале во експериментална фаза.

МД-160 бил наследник на КМ возилото, развиено кон средината на 1960-тите како дел од советската програма за екраноплан. Западните разузнавачки служби го нарекле експерименталното воено возило „Капиското морско чудовиште“, а „КМ“ всушност е кратенка од „ корабль-макет“, или брод-прототип“ на руски.

Легенда под Главна слика

Vkontakte

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе