Екипажот, кој беше на кинеската вселенска станица од почетокот на јуни, слета во базата Донгфенг, во Внатрешна Монголија, на северот на Кина, во 20:09 часот по пекиншко време, објави вселенската агенција, пренесува Синхуа.
Според медицинскиот персонал, тројцата астронаути, меѓу кои е и една жена, се чувствуваат добро.
Тројцата астронаути од мисијата Шенжу-14, командантот Чен Донг, првата кинеска астронаутка Лиу Јанг и Цаи Суже, имаа задача да ја надгледуваат последната фаза од изградбата на вселенската станица, круната на кинеската амбициозна вселенска програма.
Во 2011 година Кина беше исклучена од Меѓународната вселенска станица (ИСС) откако Соединетите Држави ѝ забранија на НАСА да биде партнер со Пекинг. Вселенската станица Тиангонг („Небеска палата“), позната и по англиската кратенка CSS, ќе работи десет години и во неа ќе се вршат разни научни експерименти во речиси бестежинска состојба.