Телескопите на НАСА открија „пулсирање“ на далечна црна дупка (ФОТО)

Новите податоци сугерираат дека супермасивната црна дупка може да испумпа материјал надвор од својата галаксија во дејство што потсетува на пулсирачко срце.

Телескопите на НАСА ја откриле гигантската црна дупка во НГЦ 4969, што е галаксија во центарот на кластерот на стотици галаксии, околу 145 светлосни години оддалечена од Земјата.

Научниците испитувајќи ги податоците собрани од телескопот Чандра Х-зрак на опсерваторијата на вселенската агенција, откриваат повторувачки експлозии на енергетски честички генерирани од црната дупка. Овие честички потоа создавале шуплини налик на вентрикула (срцева комора) во топлиот гас што го исполнува просторот помеѓу галаксиите.

Експлозиите, за кои се проценува дека се случуваат на секои 5-10 милиони години, создаваат шок бранови кои патуваат десетици илјади светлосни години.

Се вели дека настанот потсетува на срце што испумпува крв низ телото преку артериите.

На една композитната слика објавена од НАСА се гледа топлиот гас обоен во црвено, додека високоенергетските честички произведени од црната дупка се обоени во сина боја.

Истражувачите исто така откриле „секвенца на искривени, приближно еднакво распоредени, карактеристики“ во топлиот гас. Веруваат дека ова може да биде предизвикано од звучните бранови генерирани од експлозиите на црната дупка.

Доколку и се избере влада на РМ без формално определен мандатор Уставниот суд на РМ нема да има правна можност за никаква интервенција.

повеќе

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе