СЗО: Во тек се тестирања на 17 вакцини против коронавирусот на луѓе

Во тек се тестирања на 17 можни вакцини против коронавирусот на луѓе, соопшти Светската здравствена организација.

Фото: ЕПА

Најголем напредок оствари клиничкото испитување на вакцината што ја разви британскиот универзитет Оксфорд, соопшти оваа организација на ОН на крајот од дводневната конференција за истражување на коронавирусот.

СЗО вели дека останува оптимист дури и ако тековните клинички испитувања не вродат плод.

„Имаме широк спектар со четири различни видови вакцини“, рече Ана Марија Хенао Рестрепо, одговорна за истражување и развој во Светската здравствена организација.

Во потрага по вакцина против коронавирусот во моментов се анализираат повеќе од 150 активни супстанции.

Вакцината АЗД1222 на Оксфорд е прва што влезе во трета фаза на клиничките испитувања, што значи тестирање во големи размери на голем примерок од луѓе за да се утврди дали вакцината е ефикасна и безбедна односно дали предизвикува несакани ефекти.

Уште пет супстанции се во втора фаза на клиничко испитување во кое нивното делување се проучува на мал број пациенти за да се види дали имаат ефект.

Во прва фаза, клиничките испитувања се спроведуваат на здрави лица за да се утврди нивната реакција на истражуваната супстанција.

Клинички испитувања на вакцина се во тек во Германија, вклучително и во компаниите БиоНТек во Мајнц и во КјурВак во Тибинген.

Не е познато дали вакцина ќе биде достапна до крајот на годината, на што се надева главниот научник на СЗО, Сомија Сваминатан.

Обично се потребни 10 до 15 години за да се развие вакцина, но глобалното ширење на вирусот ги натера безброј научници и фармацевтски компании да направат невидени напори во потрага по вакцина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе