Спремен за акција: најновиот руски тенк Т-14 снимен на полигон за обука на резервисти (ВИДЕО)  

Најновиот руски тенк Т-14 „армата“, е снимен на полигон во главниот град на Татарстан, Казањ.

EPA-EFE

Видеото е објавено на 20 ноември, но нема конкретен датум кој би потврдил кога е снимено.

На снимката се гледа движење на тенкот со релативно голема брзина по нерамен терен со кал, вода и копнени пречки. Војници одат покрај тенкот, што не е необично за армиите на земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Фактот што Т-14 е снимен на полигон за обука на резервни војници дава повод за очигледни шпекулации – дали тенкот ќе биде испратен на фронтот во Украина.

Не постои официјална потврда од руската војска дека Москва планира да го користи својот најнов оружен систем, од кој се произведени навистина малку парчиња – околу 20 вклучувајќи ги прототипите.

Русија изгуби голем број оклопни возила од почетокот на конфликтот во Украина. тенковите беа една од најчесто гаѓаните мети. Ако Москва одлучи да го распореди Т-14 „армата“, ризикува да биде уништен, или уште полошо, заробен, што на западните сојузници на Украина ќе им даде целосен пристап до технологијата на тенкот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе