Бесшумно ги напаѓа метите

Руски дрон-камиказа е во завршната фаза на тестирањето (ВИДЕО)

Руската државна компанија Калашњиков соопшти дека нејзиното беспилотно летало КИБ годинава ќе го заврши тестирањето.

EPA-EFE

КИБ е проект на ЗАЛА аеро, дел од Калашњиков групата. Станува збор за дрон-камиказа со пропелер кој веќе ги поминал прелиминарните тестирања, а се развива и верзија за извоз – КИБ-Е, пренесува Дифенс пост.

Беспилотното летало е дизајнирано незабележано да се пробие низ одбраната на непријателот и да ја нападне избраната мета со три килограми експлозив во себе.

Координирани мети можат во системот да се внесуваат мануелно или дронот ја наоѓа метата врз основа на снимки, објаснуваат од компанијата Ростек. Извршниот директор на Ростек Сергеј Шемезов на Меѓународниот саем на борбени средства Идекс во Абу Даби кажа дека дронот „има систем со висока прецизност, способен е да погодува оддалечени и скриени мети“.

Беспилотното летало е долго 1,2 метри и максималната брзина му е 120 км/ч, а може да остане во воздух до половина час.

За дронот претставници на руската компанија велат дека е „бесшумен“ и дека лесно се управува, а наведуваат и дека постои интерес од странство.

„Постои интерес за овој производ од земјите од Блискиот Исток, а пред да се појави извозната верзија на КИБ прерано е да се зборува за тоа“, соопшти компанијата Калашњиков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе