ПЕНТАГОН ПОТВРДИ

Русија развила апокалиптичен дрон со мултимегатонска нуклеарна бомба! (ВИДЕО)

Ова е многу лоша вест.

Пентагон потврди дека новото руско беспилотно пловило за нуклеарна испорака е реално, вели Популар меканик. Подводниот дрон, кој носи огромна нуклеарна боева глава за да уништува крајбрежни градови и воени бази, бил тестиран на крајот од минатиот месец. За тестот информирале неименувани извори на Вашингтон фри бикон.

Русија го нарече системот „Океански повеќенаменски систем 'Статус-6'“ и тој наводно е способен да патува под вода на растојанија до 10.000 километри. Тој може да нурне до длабочина од 1.000 метри и да патува со брзина до 56 јазли.

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека Статус-6 ќе носи мултимегатонска термонуклеарна бомба. Чисто за споредба, бомбата фрлена врз Хирошима имаше 16 килотони, односно е помала за неколку ранга.

Бомбата од еден мегатон е еквивалент на 1.000 килотони - еден милион тони ТНТ. Информациите од Русија укажуваат дека бомбата може да биде голема дури до 100 мегатони.

Статус-6 е дизајниран да напаѓа непријателски крајбрежни градови, пристаништа, бродоградилишта и поморски бази.

Откако Статус-6 ќе пристигне на својата дестинација, тој детонира бомба, предизвикувајќи огромно количество штета преку експлозијата и топлината. 100-мегатонската бомба ќе генерира вештачки цунами, носејќи го пустошењето длабоко на копно.

Ако сега ви звучи лошо, станува уште полошо, вели Популар меканик. Информациите од Русија укажуваат дека бомбата би можело да биде вооружена со „солена бомба“, или бомба што „ја соли Земјата“ со опасниот изотоп кобалт-60. Таквата бомба би можело да распрска толку високи нивоа радиоактивност што никој не би можел да ја употребува нападнатата зона околу 100 години. Во зависност од локацијата и временските услови во моментот, таквата експлозија би пренела огромни количества радијација и подлабоко на копно.

Постоењето на Статус-6 првично беше пречекано со доза скептицизам - оружјето звучи толку страшно, толку апокалиптично и толку претерано што е тешко да се прифати дека некој всушност би сакал да изгради такво нешто. За жал на сето човештво, се чини дека тоа е многу реално.

Се смета дека Русија го направила Статус-6 како одговор на американскиот систем за ракетна одбрана. Иако системот е толку мал што не постои никаква надеж дека би спречил здружен руски нуклеарен напад, Русите беа во потрага по начини да го поразат. Статус-6 целосно го заобиколува антиракетниот систем со движењето под вода за да напаѓа американски нуклеарни подморнички бази, како што се оние на Кингс Беј, Џорџија и Китсап, Вашингтон.

Иако ова не би ги запрело американските подморници со проектили „бумер“ што веќе се во море, во една продолжена нуклеарна војна би ги уништило подморниците во пристаништата и би ги спречило подморниците што се во отворено море да се вратат за да дополнат проектили.

Оружјето Статус-6 ќе биде тешко да се запре. Неговата максимална брзина од 56 јазли е поголема од таа на сегашната генерација американски самонаведувачки торпеда, што значи дека може едноставно да им избега на своите гонители. Неговата наводна максимална длабочина ќе му овозможи да нурне многу подлабоко од американските торпеда. Побрзо торпедо што нурка подлабоко е технички можно, но ќе мора допрва да се развива.

Според Фри бикон, разузнавачките агенции следеле тестот на дронот на 27 ноември. Беспилотното пловило било придружувано од подморница за тестирање оружје од класата Саров. Подморницата би можела да функционира како матичен брод на Статус-6 во време на војна.

Постоењето на беспилотното пловило првично беше откриено во 2015 година. Објавата, за која се мислеше дека е срамна грешка, сугерираше дека беспилотното пловило ќе биде готово до 2019 година, а дека тестовите ќе почнат во 2019-2020. Оваа „грешка“ можеби била намерна, за да ги измами странските разузнавачки агенции да веруваат дека програмата не е отидена толку напред колку што навистина била, вели ПМ.

На Македонија ѝ е потребен поинаков пристап во стратегијата за меѓународни настапи и претставување на туристичката понуда на државата.

повеќе

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе