Русија наскоро ќе претстави нов проектил, лета со брзина од 1.000 км/ч

Рускиот државен произведувач на оружје КТРВ најави дека во рамки на меѓународниот форум Војска 2022 за првпат ќе ја претстави новата воздухопловна крстосувачка ракета Кх-69.

EPA-EFE

„Што се однесува до новите производи, на форумот Војска 2022 за првпат ќе ја покажеме повеќенаменската нископрофилна високопрецизна крстосувачка ракета Кх-69“, објави корпорацијата.

Проектилот Кх-69 е дизајниран за уништување широк спектар стационарни копнени цели со координати познати пред лансирањето, вклучувајќи ги оние без радарски, инфрацрвен и оптички контраст во однос на околината.

„Опремен е со комбиниран систем за навигација и автоматско управување. Максималниот дострел е до 290 километри, со брзина од 700 до 1.000 км/ч, во зависност од конфигурацијата. Може да се постави на надворешни држачи и во внатрешни магацини за оружје“, објави руската корпорација.

Меѓународниот воен форум Војска 2022 ќе се одржи од 15 до 21 август во изложбениот центар Патриот во близина на Москва. Настанот го организира руското министерство за одбрана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе