Роверот на НАСА за првпат возеше по површината на Марс, испрати фотографии (ФОТО)

Роверот на НАСА Персевиренс за првпат се движеше по површината на Марс. Како што се гледа на објавените фотографии, роботот тежок еден тон помина кратка дистанца и се сврте во круг.

EPA-EFE

Планот на американската вселенска агенција е Персевиренс во рок од две години да мине оддалеченост од 15 километри.

Клучната цел на Персевиренс на Марс се астробиолошки истражувања кои вклучуваат потрага по знаци на древен микробиолошки живот. Роверот ќе ја анализира геологијата на планетата и климата во минатото и ќе отвори пат за човечко истражување на Црвената планета. Воено ќе биде првата мисија која ќе собере и зачува примероци на марсовските карпи.

Персевиренс слета во неистражена област – кратерот Језеро, наречен по село во БиХ. Некои удолнини кои водат до тој кратер се наречени по реките Сава, Неретва, Плива и Уна.

Кратерот Језеро е едно од најдобрите места за потрага по древен живот бидејќи пред некои 3,9 милијарди години најверојатно бил исполнет со вода. Досегашните анализи покажале дека наслагите во кратерот се богати со минерали кои се создаваат во присуство во вода, што значи дека некогаш таму можел да постои живот. Во сличните седименти на Земјата обично наоѓаме фосили.

Следните мисии, кои НАСА во моментов ги разгледува во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА), би требало на Марс да испратат вселенски летала кои примероците кои ќе ги собере Персевиренс ќе ги врати на Земјата за потемелна анализа.

Мисијата Персевиренс Марс 2020 е дел од пристапот на НАСА за истражување на Марс преку база на Месечината. Ги вклучува мисиите Артемида на Месечината кои треба да помогнат во подготовката за човечко истражување на Црвената планета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе