Суштество старо 300 милиони години

Ретка „ајкула-дух“ за првпат снимена на северната хемисфера (ВИДЕО)

Иако на Земјата се појавила пред диносаурусите, видот ајкула познат како химера, или „ајкула-дух“, сѐ до неодамна не била снимена со камера, пишува Нешнал џиографик.

Иако снимката била направена во 2009 година, нејзините автори се всушност геолози кои ништо не знаеле за морското суштество, па дури сега, сосема случајно, било утврдено дека станува збор за исклучително важна снимка.

Научниците досега имале прилика да се сретнат со сините химери со шилест нос само во длабоките води на јужната хемисфера (Австралија, Нов Зеланд и Нова Каледонија), а овој примерок бил „фатен“ во близина на Калифорнија и Хаваите.

Снимката била направена со пловило на далечинско управување на Истражувачкиот институт на аквариумот во заловот Монтереј, на длабочина од 2.042 метри под површината на морето.

Она што е особено интересно е што половиот орган на химерата се наоѓа на нејзината глава, и го извлекува и вовлекува по потреба, додека малите точки претставуваат сензорни канали кои служат за откривање на локацијата на пленот.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе