Старшип СН9

Прототипот на ракетата на Спејсекс се урна на слетување (ВИДЕО)

Прототипот на ракетата на американската вселенска компанија Спејсекс се урна при слетување за време на пробниот лет во Тексас, покажуваат снимките кои ги објави компанијата.

Screenshot

Слично нешто се случи и при претходното лансирање на друга ракета.

Старшип СН9 кој експлодираше при слетувањето, како и СН8 пред него, беше прототип на ракетата која ја разви вселенската компанија на милијардерот Илон Маск за да се овозможи превоз на луѓе и 100 тони товар на идните мисии на Месечината и Марс.

Ракетата без човечки екипаж се вивна во небото над јужен Тексас од својата лансирна рампа.

Доаѓајќи до кулминацијата на летот, вселенското летало за момент лебдеше во воздух, ги изгаси моторите и го изведе планираниот маневар за да се спушти назад на Земјата.

Проблемот се појави кога Старшип се обиде повторно да ги вклучи моторите, но еден од нив не стартуваше. Ракетата брзо падна кон Земјата во огнена топка.

Ракетата Старшип е фокусот на амбицијата на Маск да ги направи подостапни вселенските летови на луѓето.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе