Почна составувањето на најголемата машина за нуклеарна фузија во светот (ВИДЕО)

Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, научниците на југот на Франција вчера почнаа да ја составуваат машината која реба да докаже дали може нуклеарната фузија, која е изворот на енергија на Сонцето, да биде безбеден и одржлив извор на енергија за Земјата.

EPA-EFE

Компонентите на револуционерниот мултинационален проект ИТЕР пристигнуваат во малото место Сен Пол ле Дуранс од сите краеви на светот во изминатите месеци.

Сега треба да се поврзат компонентите за да се создаде, како што наведува ИТЕР во своите промотивни материјали, „најголемата светска сложувалка“.

„Фузијата дава чиста и безбедна енергија“

Целта е да се демонстрира дека енергијата ослободена со нуклеарна фузија може да се произведува одржливо и безбедно на комерцијална основа.

„Фузијата пружа чиста и безбедна енергија без емисии на јаглерод“, се наведува со соопштението на 35 земји кои учествуваат во ИТЕР.

ИТЕР го сочинуваат 27-те членки на ЕУ, Британија, Швајцарија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Русија и САД. „Фузијата е безбедна, со минимални количества гориво и без физичка можност за несреќа поради уривање“, се додава.

Понатаму, гориво за фузијата може да биде морската вода и литиумот, поради што има доволно извори за милиони години. „Ова гориво со големина на ананас е еднакво на 10 илјади тони јаглен“, се наведува во соопштението.

Машината ИТЕР ќе биде составена од околу милион компоненти, а првите експерименти би требало да почнат во декември 2025.

Реакторот својата полна сила би можел да ја достигне во 2035 година.

Би се споил на електричната мрежа дури во 2060 година

Експерименталниот реактор ИТЕР нема конкретно да произведува струја. Ќе треба да се причека до 2060 година за фузискиот реактор изведен од ИТЕР да се спои на електричната мрежа.

А доколку биде приклучен на електричната мрежа, ќе произведува 500 мегавати термална енергија кои би се претвориле во околу 200 мегавати електрична енергија, што би било доволно за 200 илјади домаќинства.

Но ова „вештачко сонце“ го критикуваат еколозите кои во проектот гледаат научна илузија без какви било гаранции дека ќе даде резултат и „финансиска дупка без дно“, како што оцени Гринпис.

Проектот почн со пет години задоцнување и првичниот буџет тројно се зголеми на речиси 20 милијарди евра денес.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе