Патувањето до Марс е следниот огромен чекор на човештвото. Проблем може да биде – анемијата

Следниот огромен чекор за човечкиот вид би можел да биде патување на Марс, но во таквата мисија проблемот може да биде (не)доволното количество црвени крвни зрнца (еритроцити), важни за пренос на кислородот во крвта, покажува ново канадско истражување.

Фото: Пиксабеј

Дури и вселенските туристи што ги чекаат своите кратки патувања можеби ќе мора да останат дома ако се покаже дека се изложени на ризик од анемија или недостиг од црвени крвни зрнца, велат истражувачите. Одамна е познато дека астронаутите доживуваат „вселенска анемија“, но досега се веруваше дека таа е привремена. Во една студија на НАСА таа беше наречена „15-дневна болест“.

Лекарите тоа го припишуваат на распаѓањето на црвените крвни зрнца, т.е. хемолиза, која се јавува како резултат на протекот на течности додека организмите на астронаутите се приспособуваат на бестежинската состојба, и повторно, кога при враќањето од вселената се приспособуваат на гравитацијата.

Всушност, анемијата е „примарниот ефект од одењето во вселената“, рече д-р Гај Трудел од Универзитетот во Отава. Тој ја водел студијата за 14 астронаути финансирани од Канадската вселенска агенција. „Сѐ додека астронаутите се во вселената, во нивните организми повеќе крвни зрнца се распаѓаат отколку што се создаваат“, објасни тој.

Во нормални околности организмот во една секунда разградува и заменува речиси два милиони еритроцити. Тимот на Трудел открил дека во текот на шестмесечните мисии на астронаутите, за една секунда во нивните организми се распаѓаат три милиони црвени крвни зрнца. „Мислевме дека знаеме сè за вселенската анемија, но тоа не е така“, рече научникот.

Тој објасни дека во организмот на астронаутот биле произведени дополнителни еритроцити за да се надополнат разградените. Но Трудел се прашува колку долго организмот може континуирано да произведува 50 отсто повеќе еритроцити. Ова е важно да се знае бидејќи повратната мисија на Марс, според НАСА, би траела две години.

„Доколку сте кандидат за пат на Марс, а вашето тело не успее да ја следи потребата да ги произведе сите тие дополнителни црвени крвни зрнца, може да се најдете во сериозна неволја“, предупреди тој.

Помалото количество еритроцити во вселената не е проблем кога вашето тело е во бестежинска состојба, но по слетувањето на Земјата и потенцијално на други планети, анемијата може да влијае на издржливоста, енергијата и силата на астронаутите.

Ниту една година по враќањето на Земјата, количеството на еритроцити кај астронаутите не е целосно вратено на нивото што го имале пред летот, покажуваат податоците објавени од Трудел и неговите колеги во стручното списание Нејчр медисин. Во исто време, канадските експерти ги проучуваат последиците со кои се соочуваат неподвижните пациенти што често со недели или месеци се врзани за кревет.

Новите откритија го потврдуваат она што Трудел веќе го утврдил меѓу своите пациенти, што укажува на тоа дека проблемот со еритроцитите што ги погодува астронаутите во вселената веројатно ќе се појави и кај неподвижните пациенти.

„Тука би можеле да го примениме истото решение и во двата случаи“, смета Трудел, а со него се согласува и Сулеха Ананд, која е специјализирана за човечката физиологија на Државниот универзитет во Сан Хозе и не учествувала во студијата.

Резултатите од ова истражување ни помагаат да ги разбереме физиолошките последици на астронаутите на вселенските летови и ни овозможуваат да ги поврземе со анемијата кај пациентите на Земјата, рече научникот, додавајќи дека тимот на Трудел продолжува да работи на решавање на проблемите, што ќе биде од корист и за оние во вселената и за оние на Земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе