Стрелец А*

Објавена првата фотографија од огромната црна дупка во центарот на нашата галаксија

Светот денеска ја виде првата дива, малку матна фотографија од супермасивната црна дупка во центарот на нашата сопствена галаксија Млечен Пат.

Фото: ЕПА

Научниците од меѓународниот конзорциум зад телескопот Ивент хорајзон (збир од осум синхронизирани радиотелескопи низ светот) ја објавија првата фотографија од супермасивната црна дупка лоцирана во центарот на нашата галаксија - Млечниот Пат.

Фотографијата беше објавена на денешната прес-конференција.

Црната дупка на Млечниот Пат се нарекува Стрелец А* и се наоѓа во близина на границата меѓу соѕвездијата Стрелец и Скорпија. Таа е 4 милиони пати поголема од нашето сонце.

Истиот конзорциум е одговорен за создавањето на првата фотографија од црна дупка во историјата, која беше објавена во 2019 година.

Црните дупки е исклучително тешко да се снимат бидејќи се буквално невидливи поради фактот што нивната гравитација е толку голема што од нив не може да „избега“ ни светлината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе