Галакси А5

Новиот Галакси А5 (2017) - прв впечаток

Кога ја отворивме кутијата, добивме многу пријатен впечаток за новиот Самсунг Галакси А5 (2017). Со слободни зборови бе рекле „Уау!“. 

Златната боја и заоблените меки линии прават навистина убава глетка.

Во рака е малку потежок од очекувано, поради металната опаковка во комбинација со стаклен екран.

Првичното убаво искуство се задржа додека го тeстиравме овој телефон.

Вовед

А5 има 5,2” (132,2мм) Супер Амолед (AMOLED) екран, 14нм Ексинос (14nm Exynos) чипсет, 16МП ф/1,9 камери напред и назад, и е ИП68 сертифициран (повеќе за овој стандард подолу). Звучните карактеристики се оглед дека станува збор за телефон од висока средна класа.

Се разбира, секогаш мора нешто да „фали“, па така оние со истенчен вкус би навеле дека А5 „вози“ на Андроид 6.0 (Маршмелоу), мејнстрим Кортекс-А53 (Cortex-А53) јадро и има само 1080п резолуција. И камерите не снимаат во 4К. Овие недостатоци не би требало да му пречат на вообичаениот корисник, а ние само би рекле дека телефонот е нешто поскап од што би сакале да биде.


Поставување, интерфејс, екран и поврзување

Поставувањето на А5 течеше прилично лесно ако веќе сте биле корисник на Андроид-телефон.

Самсунг А5 при прво пуштање на апаратот ви нуди избор на јазик, на нареден екран бара да се поврзете на интернет преку ви-фи (Wi-Fi), да се согласите на договорот за користење, и на чекор 4 ви нуди да ги „ископирате“ своите Гугл сметки, апликации и податоци од вашиот стар уред (Чекор 5). Тука само треба да ги допрете двата уреда (доколку стариот уред има НФЦ (NFC)) и процесот почнува, а го стартувате и го одобрувате преку стариот уред.

Потоа останува да се најавите на вашата гугл сметка на новиот телефон, одобрите гугл сервиси (доколку ви требаат), одберете заштита за користење на апаратот (има опција за заштита со отпечаток на прст) и на крај да чекате да се симнат сите апликации, контакти итн. Апаратот ќе симне она што е најбитно за нормално користење и ќе можете да почнете нормално да го користите својот нов уред, додека вашите апликации се симнуваат во заднината.

Самсунг го има интегрирано својот интерфејс Грејс ЈУЕКС (Grace UX) на А5, и мораме да забележиме дека користењето на телефонот значително е олеснетo и поедноставенo. Споделување, печатење, кориснички информации за телефонот, поврзување со уреди на вашата мрежа, се лесно достапни и лоцирани точно кај што треба. Апликациите на Гугл и Мајкрософт се групирани во кратенки, а уредот има алатка наречена Гејм тулс (Game Tools), која е активна за време на играњето и овозможува да се исклучат одредени функции кои би можеле да ве прекинат додека играте, како и земање екранска снимка и снимање на играта.

Алатката Гејм лончер (Game Launcher) автоматски може да би ги организира сите игри инсталирани на уредот, на едно место под една кратенка.

Екранот е светол и прикажува живописни бои. Резолуцијата од 1080п е прифатлива за оваа големина на екранот, а користењето на Амолед (AMOLED) носи екстра ќар за јасните бои. Осветлувањето е добро, со висока гама меѓу најсветло и најтемно. Го претпочитавме автоматскиот режим на осветлување, којшто одлично се приспособува на амбиентот.

Поврзување

Галакси А5 (2017) е опремен со опции за поврзување. По спецификација има Кат 6.ЛТЕ (300Мбпс даунлинк, 50Мбпс аплинк), со напомена дека вредностите варираат по регион и оператор. Брзината на нашите оператори ви е позната, па тука не тестиравме во детали.

Уредот има Ви-Фи а/б/г/ен/ац, Блутут 4.2, НФЦ и ФМ-радиоприемник. Нема инфраред.

За ви-фи-то имаме забелешка на брзината и приемот. Со „лаичко“ тестирање го споредивме со Галакси С5, и резултатите покажаа дека приемот на А5 е 10% послаб. Тестиравме едноставно: Уредите ги поставуваме на исто место секој посебно, и проверуваме брзина на интернет. Уредот е на далечина од 10м, два ѕида меѓу рутерот и телефонот.

Батерија

Батеријата е многу пријатно изненадување. Успеавме со едно полнење да тестираме и да се служиме со овој уред 2 цели дена плус нешто ситно во период на мирување од 8 часа. Уредот остана поврзан на ви-фи во текот на целиот период. Доколку постојано користевме само мобилен интернет најверојатно батеријата ќе се испразнеше нешто порано.

Очигледно дека оптимизираниот софтвер, модерното производство на чипот (14нм) и прифатлива големина на батеријата придонесуваат за подлоги периоди на користење од едно полнење.

Некои велат дури дека А5 е најдоброто нешто што може да го купите на пазарот ако го сакате апсолутно најдоброто во смисол на батерија и елегантен дизајн.

Другата пријатна работа е брзото полнење. Едно цело полнење трае 1 час и 31 минута.

 

Отпорен на вода

A5 e ИП68 сертифициран. Што точно значи ова?

Ова значи дека носи ознака за меѓународна заштита, стандард подготвен од Електротехничката комисија (IEC), а 6 – значи дека е отпорен на прашина, но и вообичаена прашина и песок.

Додека 8 значи дека телефонот може да се потопи 30 мин во вода на длабочина до 1.5 метри, и да не добие трајна штета. Значи, во суштина ако ви падне во тоалет или во када додека твитате, најверојатно ќе бидете океј. Ако некој небрежен консумент на пиво истури цела кригла врз него, може ќе биде смрдлив и леплив ама ќе биде океј. А ако се влетате во вода со него, има поголеми шанси да преживее него оние телефони што носат ИП67.

Ние не ја тестиравме неговата издржливост под вода, но можете да најдете храбри тестери овде, и овде, и овде  итн... Екстремен тест овде.

 

Карактеристики

Главните карактеристики на А5 се:

Тело: Алуминиумска рамка, Горила глас 4 заштита на екранот

Екран: 5.2" 1080п супер Амолед (424ппи);

Оперативен систем: Android 6.0.1 Маршмелоу; Самсунг Грејс ЈуИкс; Нугат (Nougat) во припрема

Чипсет: Ексонус 7880, фабрички процес 14нм

Меморија: 3ГБ РАМ; 32ГБ уред, поддржува microSD картичка до 256ГБ

Камера: Главна 16МП, ф/1.9, 27мм; Предна: 16МП, ф/1.9

Видео: 1080п

СИМ: нано СИМ; ЛТЕ (Кат. 6); Ви-Фи; Блутутх 4.2; ФМ Радио; УСБ тип-C; 3.5мм прилучок

Батерија: 3,000мАх

Сензори: Акцелерометар, Близина, Геомагнетски, РГБ светло, Читач на отпечаток од прст, Барометар

Разно: ИП68 сертификација за прашина и отпорност на вода, македонско мени

Тежина: 159г

 

Заклучок

Според нас овој телефон е одличен и има карактеристики својствени за предводниците во класата. Во однос на цената би рекле дека А5 е малку поскап отколку што би сакале, но по се изгледа Самсунг воведувајќи врвни карактеристики во средната класа се одлучува да ја подигне и цената.

Би заклучиле дека А5 има ексклузивен дизајн, отпорен е на разни непогоди и има светол и живописен екран. Батеријата отстапува од редовната навика да го полниме апаратот скоро секоја вечер, а екранот е „паметен“ и се приспособува во зависност каде го користите апаратот.

Забелешката за неговиот Маршмелоу оперативен систем, наскоро ќе биде отстранета со надградба на Нугат (Nougat). Перформансите на телефонот би требало да се доволни да го „издржат“ и Нугат. Доколку сакате уред со карактеристики кои ќе ги задоволат општите и поспецифичните потреби за брз телефон, додека апаратот „едноставно функционира“ го препорачуваме А5.

Милан Ризов

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе