Научниците објавија дека откриле „многу ретка“ планета

Во центарот на вниманието е атмосферата на егзопланетата, релативно блиску до Земјата во вселенска смисла.

Фото: Пиксабеј

Научниците објавија дека една извонредна планета би можела да ги открие мистериите на многу вселенски формации, откако во нејзината атмосфера била откриена водена пареа.

Наведена под името ТОИ-674 б, егзопланетата - така наречена затоа што орбитира не околу нашето сонце, туку околу друга ѕвезда - има надежен елемент во нејзината забележлива атмосфера. Џонатан Бранде од Универзитетот во Канзас, кој ја водеше студијата на меѓународен тим научници, во четвртокот откри дека таму неодамна била откриена водена пареа.

Планетата, која Бранде ја нарече „мошне ретка“, орбитира околу црвеноџуџеста ѕвезда што се наоѓа на околу 150 светлосни години од Земјата. Една светлосна година е еквивалент на 9,7 трилиони километри, но ова растојание сепак се смета за „блиску“ во астрономска смисла, според НАСА. Американската вселенска агенција соопшти дека сега таа ќе биде предмет на детално истражување.

Иако истражувачите сè уште не знаат точно колку водена пареа содржи атмосферата на ТОИ-674 б, тие веќе открија некои други истакнати детали. Егзопланетата е по обем околу 1,3 пати поголема од Нептун и е со маса околу 23 пати поголема од масата на Земјата. Околу својата мала и релативно студена ѕвезда орбитира многу блиску, завршувајќи цел круг за помалку од два дена - тоа е должината на една „година“ на ТОИ-674 б. За споредба, на Нептун му требаат околу 165 години за да го комплетира својот пат околу Сонцето.

Наведена како планета „Супер Нептун“ поради класата на големина, вселенското тело, така обвиено со гасови, е исклучително ретко. Иако во нашата галаксија се потврдени илјадници егзопланети, за само неколку од класата на големина помеѓу Нептун и Јупитер е познато дека ја комплетираат орбитата околу своите ѕвезди за три дена или помалку. Се верува дека атмосферите обично не преживуваат толкава близина до ѕвездите.

Блиското растојание на егзопланета со забележлива атмосфера до нејзината матична ѕвезда веројатно покажува дека ТОИ-674 б е родена некаде подалеку, а потоа мигрирала таму каде што е сега, според Бранде.

„Планетите со големина на Нептун и малку поголеми се многу невообичаени во такви орбити - во она што астрономите го нарекуваат нептунска пустина“, рече тој, говорејќи на прес-конференцијата за последниот состанок на Американското астрономско друштво. Тој додаде дека „планетите во таква пустина се многу ретки“, што сугерира дека многу од нив ја изгубиле својата атмосфера поради ѕвезденото зрачење.

Ѕвездата-родител на новиот предмет на вниманието на астрономите не може да се види од Земјата со голо око. Сепак, егзопланетата стана достапна за телескопите со доволно висока резолуција за подетално да се набљудува нејзината атмосфера. Таа „има многу голем транзитен сигнал“, според Бранде.

Планетата првпат беше пронајдена од транзитниот сателит на НАСА за истражување егзопланети и дополнително беше истражена од вселенскиот телескоп Хабл. Сега истражувачите се надеваат дека неговата атмосфера би можела подетално да се проучува со друг телескоп опремен со специјални инструменти наречени спектрографи, кои може да откријат одредени гасови.

Откривањето на водена пареа не го прави ТОИ-674 б кандидат за потенцијална поволност за живеење, но го позиционира како главна цел за идни студии за формации на планети во ѕвездениот систем. Разгледувањето на хемиската структура на неговата атмосфера подетално ќе објасни како таа и другите ѕвезди се формирале и патувале во универзумот.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе