НАСА во четврток го лансира роверот Персевиренс на Марс (ВИДЕО)

НАСА вчера даде техничко зелено светло за лансирање на роверот со четири тркала Персевиренс кон Марс во четврток, каде роботот ќе бара траги од поранешни микроби кои можеби ја настанувале планетата пред повеќе од три милијарди години, а ќе слета на 18 февруари 2021.

EPA-EFE

„Спремни сме за лансирањето“, кажа шефот на вселенската агенција НАСА Џим Бриндестајн на конференција за новинарите горд поради почитувањето на роковите за време на пандемијата на ковид-19. „Издржавме и ја зачувавме оваа важна мисија“.

Лансирањето е предвидено за 7:50 во четврток по локално време од Кејп Канаверал на Флорида со помош на ракетата Атлас 5 од Јунајтед лонч алајанс.

„Никогаш не мислев дека еден шеф на лансирање би можел да работи од дома, но така работиме во последните пет месеци“, кажа Омар Баетц, задолжен за лансирањето во амерканската вселенска агенција.

Претходните американски ровери покажаа дека животот на Марс бил возможен, односно дека постоеле поволни услови за живот (јаглерод, вода и поволна клима).

„Но сѐ уште не знаеме дали имало живот на Марс и оваа мисија, одлучена во 2012 и наречена Марс 2020, ќе се обиде да одговори на тоа прашање.

За првпат во историјата НАСА посвети мисија на астробиологијата, истражување на животот, можеби сегашниот или поранешниот, во еден друг свет“, кажа Џим Бриндестајн.

Персевиренс, подобрената верзија на роботот Кјуриосити кој на Марс се спушти во 2012, ќе ги аналзиира карпите на Марс, а пред сѐ ќе собере примероци кои во цевки на површината ќе ги остави за следната мисија да ги донесе на Земјата во 2031 година.

Досега само Американците успеаја да спроведат долги операции на Марс (четири ровери – Петфајндер, Спирит, Опортјунити и Кјуриосити, кој е единствениот сѐ уште во функција).

Но Кина следната година ќе се обиде да слета на Марс. Нејзината мисија Тјанвен-1 почна минатата недела, а слетување на роботот на четири тркала се предвидува за мај 2021.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе