ИМА ИЛИ НЕМА?

Најчитаниот документ во базата на ФБИ се два пасуса за вонземјани (ФОТО)

ФБИ има многу голема база на податоци што е достапна на интернет, а најпопуларниот документ што го објавиле датира од 1950 година и е наречен „Хоттел мемо“. Ова е документ што содржи само два пасуса, а во нив се опишува наводно гледање летечки чинии и вонземјани.

Така, не е чудно што документот, создаден на 22 март 1950 година, е најчитаниот во онлајн-базата на податоци на ФБИ.

Документот во базата на податоци на ФБИ е поставен во 2011 година. Го напишал Гај Хоттел, тогашниот шеф на Одделот на ФБИ во Вашингтон, a содржи приказна што на еден од ФБИ-агентите му ја раскажало трето лице, кое рекло дека истражувач на воздухопловните сили пријавил дека во Њу Мексико видел три летечки чинии и вонземскиот екипаж што ги управувал.

„Тие (чиниите) беа опишани како тркалезни по форма со централен дел што имал дијаметар од педесетина метри. Во секоја од нив имало по три тела со човечки облик, но високи само 1 метар, облечени во металик-облека од многу фин материјал.“ Во документот се вели и дека облеката личела на таа на тестните пилоти.

Се разбира, овој документ за многу луѓе веднаш стана доказ за вонземски живот. Но за ФБИ е, како што објавија на својата веб-страница, само „непотврден извештај што никогаш не бил детално прегледан“.

„Кога во 2011 година го објавивме документот, некои медиуми напишаа дека 'Хоттел мемо' служи како доказ дека во Росвел паднало НЛО. 'Хоттел мемо' не е никаков доказ за постоење на НЛО, тој едноставно е тврдење од втора или трета рака што ние никогаш не го истраживме. Некои луѓе веруваат дека документот е измама, но ние немаме информации ни за тоа. Извинете, но ова не е непобитен доказ за НЛО. Мистеријата останува“, вели ФБИ на својата веб-страница.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе