ВО ТИХИ ОКЕАН

На Земјината топка има скриен континент: Зеландија

Земјата има уште еден континент, наречен „Зеландија“, скриен во Тихи Океан и „прикачен“ за Нов Зеланд, според едно новообјавено истражување.

Тим од 11 истражувачи открил дека Нов Зеланд и Нова Каледонија всушност се дел од една огромна плоча од континентална кора од 4,9 милиони квадратни километри, која е одделена од Австралија.

Студијата, објавена од Геолошкото друштво на Америка, покажува дека регионот е 94 проценти под вода, главно како резултат на тенчењето на кората пред расцепувањето на суперконтинентот. За студијата е употребена надградена сателитска технологија за мерење елевација и гравитациско мапирање.

„Научната вредност на класифицирањето на Зеландија како континент е многу повеќе од уште едно име на листата“, напишаа научниците. „Тоа што континентот е толку потопен, а сепак е нерасцепкан, го прави корисен и провокативен геодинамички елемент во истражувањето на споеноста и распадот на континенталната кора.“

Просторните граници на Зеландија

Тимот вели дека ова треба да се смета за геолошки континент, наместо претходната теорија дека е збирка од континентални острови и фрагменти.

„Врз основа на различни геолошки и геофизички докази, особено оние што се акумулирани во последните две децении, тврдиме дека Зеландија не е збирка од делумно поплавени континентални парчиња, туку е соединет континент од 4,9 милиони квадратни километри“, заклучува студијата.

Бидејќи геолозите ги бројат Европа и Азија како еден огромен континент наречен „Евроазија“, Зеландија го зголемува официјалниот број на геолошки континенти на седум.

Дебелината на кората на Зеландија обично се движи од 10 до 30 километри и е приближно со големина на Индија. Се верува дека се откршила од Антарктикот пред околу 100 милиони години, а потоа и од Австралија пред околу 80 милиони години.

Истражувачите зад студијата попрво ја нарекуваат Зеландија „потврдување“ отколку „откритие“, зашто некои експерти во оваа област со години го сметаат Нов Зеланд за континент од свој тип.

„Ова не е ненадејно откритие, туку постепено потврдување; дури до пред 10 години ние ќе ги немавме насобраните податоци или доверба за да го напишеме овој труд“, пишуваат авторите на студијата.

„Зеландија покажува дека во природните науки некогаш може да се занемарат и огромното и очигледното.“

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе