Фузискиот реактор функционира

На прагот сме на бесконечната енергија? (ВИДЕО)

Научниците на германскиот институт Макс Планк за физиката на плазмата објавија дека нивниот фузиски реактор, кој го активираа во 2015 година, навистина работи, што значи дека сличен модел еден ден би можел да стане бесконечен извор на чиста енергија.

Тимот на тој институт трудот го објави во магазинот Нејчр комјуникејшнс, во кој истакнаа дека овој фузиски реактор создава супермоќни, брановидни тридимензионални магнетни полиња какви што биле предвидени со проектот, и дека се покажало дека нивото на грешка е помало од 1 на 100.000, што е доволно за комерцијална примена на тој модел на реактор.

Комерцијално исплатливата фузија не би ја загадувала околината со радиоактивни материјали, а би имала евтин и речиси неисцрпен извор на гориво – морската вода. Проблемот е во тоа што процесот на фузија, односно соединувањето на атомите, се придвижува само со екстремно високи температури, како тие на Сонцето, пренесува Индекс.

За да стане исплатлива, мора да се обезбеди дека количеството енергија создадено во фузијата ќе ја надмине енергијата потрошена на одржување на процесот, а тоа до денес не успеал да го постигне ниту еден реактор.

Иако успешно ги минал првите две фази од тестирањето, овој фузиски реактор не е конструиран за комерцијална употреба.

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе