Месечината се оладила побрзо отколку што мислевме, според примерок од карпа од Аполо 17

Примерок од карпа собран од Месечината за време на мисијата Аполо 17 во 1972 година е повторно испитан, а резултатите сугерираат дека површината на Месечината можеби се оладила за само 20 милиони години.

Фото: НАСА

Камен собран од Месечината за време на мисијата Аполо 17 во 1972 година се оладил до сегашната состојба многу побрзо отколку што мислевме, според повторната анализа на примерокот. Откритието го нагласува и значењето на преиспитувањето на старите примероци на Месечината, вели Њу саентист.

Поголем дел од нашето сегашно знаење за еволуцијата на Месечината доаѓа од карпите собрани од астронаутите пред половина век за време на програмата Аполо на НАСА, но тие сè уште можат да дадат нови информации.

Вилијам Нелсон од Универзитетот на Хаваите во Маноа и неговите колеги повторно истражувале еден од најпроучените камења во колекцијата, познат како троктолит 76535. Тежи приближно 156 грама и е широк 5 сантиметри во најшироката точка. Примерокот е дел од групата позната како магнезијански комплет (Mg-suite). Овие камења претставуваат некои од првите фази на она што е познато како секундарно формирање кора, што се случило кога долните делови од месечинскиот плашт се издигнале на површината и се кристализирале.

Користејќи аналитички техники со висока резолуција, Нелсон и неговиот тим откриле дека фосфорот прилично нерамномерно бил распределен низ примерокот. Ова сугерира дека карпата можеби се оладила доста брзо, бидејќи елементот немал доволно време да се рашири рамномерно во карпата пред да се зацврсти. Потоа, преку компјутерско моделирање, тимот заклучил дека на примерокот му биле потребни околу 20 милиони години за да се зацврсти од својата почетна стопена состојба. Ова време на ладење е значително пократко од претходните проценки, кои беа околу 100 милиони години.

Резултатот покажува дека раната еволуција на Месечината е покомплицирана отколку што мислевме, велат истражувачите, иако тие велат дека ни треба дополнително истражување за да се утврди дали историјата на ладење на троктолитот 76535 важи за целиот Мг-комплет, имајќи предвид дека само еден пример е повторно анализиран. „Во моментов станува збор за само еден примерок“, вели Нелсон.

„Сè уште има значење фрлањето поглед на старите примероци за да се обидеме да подобро да сфатиме како се формирала Месечината како целина“, вели Нелсон. „Секогаш можете да се вратите назад и повторно да ги анализирате старите збирки на податоци со нови техники за да извлечете нови информации“.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе