Локид Мартин го доби договорот за производство на бугарските Ф-16

Американското министерство за одбрана објави на 2 април дека на компанијата Локид Мартин ѝ е доделен договорот за производство на борбените авиони Ф-16 блок 70 за Бугарија.

Како што е наведено, договорот вреден 512.004.418 долари обезбедува производство на 8 авиони Ф-16, работата ќе биде извршена во погоните во Форт Ворт во Тексас, и во Гринвил, во Јужна Каролина, а се очекува да биде завршена до 31 јануари 2027 година.

Парите за договорот во целост се обезбедени преку програмата за продажба на воена опрема на странство (ФМС) и е резултат на тендерот кој беше распишан во Бугарија. Во моментот на доделувањето на договорот обврзувачките финансиски средства по ФМС изнесувале 507.518.902 долари, но сега се искористени и опции во вредност од 4.185.516 долари.

Како што пишува порталот Танго сикс, министерството за одбрана на Бугарија предложи уште на крајот на декември 2018 со САД да се почнат преговори за набавка на борбени авиони Ф-16, на почетокот на јули минатата година беше дадено зелено светло за набавка на осум авиони, договорите беа потпишани на 11 јули а парламентот ги одобри по осум дена.

На набавката на Ф-16-ките на крајот на јули 2019 се спротивстави претседателот Румен Радев, но неговото вето набрзо беше отфрлено од народното собрание. Претходно на почетокот на јуни американската агенција ДСЦА го извести американскиот Конгрес за можната продажба на осум авиони Ф-16 на Бугарија, а во извештајот тогаш беше наведен и списокот на придружната опрема, техниката за опслужување на авионите, вооружувањето, документацијата, обуката на пилотите и техничките служби, како и дополнителната опрема и услугите.

За бугарските Ф-16 од вооружување се набавени 12 ракети воздух-воздух со мал дострел АИМ-9икс сајдвиндер, 13 ракети воздух-воздух со среден дострел АИМ-120Ц АМРААМ и 24 класични ненаведувани авионски бомби Мк82 од 227 килограми и 26 носачи за оружје ЛАУ-129. Наместо првично планираните два, набавен е само еден резервен мотор.

На обука ќе бидат испратени 12 пилоти и 65 припадници на техничката служба. Испораката на авионите се очекува дури во 2023 или 2024 година.

Бугарската индустрија и економијата ќе имаат и одредена корист од набавката на Ф-16, бидејќи со САД се договорени и офсет зделки. Бугарските медиуми пренесоа дека во Бугарија би требало да бидат поставени капацитети за ремонт на 25 елементи од хидрауличниот систем за слетување на Ф-16, како и можности за базно одржување на електросистемот. Министерот за економија Емил Караниколов изјави дека Бугарија ќе добие и помош во развојот на беспилотните летала.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе