Леталото прелета 64.000 километри над Месечината. Поради должината на орбитата, на капсулата ѝ требаше една недела за да помине половина орбита околу Месечината, по што повторно излезе од месечинската орбита и почна да се враќа на Земјата.
Планираното спуштање на Орион во Тихи Океан е на 11 декември.
За време на летот, Орион беше на најголема оддалеченост од Земјата од кое било вселенско летало дизајнирано за лет на астронаути. Тој беше оддалечен околу 432.000 километри од Земјата.
Новата вселенска програма на НАСА „Артемис“ конечно, по многубројни одложувања, почна минатата недела со лансирањето на вселенското летало Орион.
Целта на програмата е повторно слетување на американски астронаути на Месечината, првпат по речиси 50 години.
По враќањето на Земјата, ќе следува Артемис 2, првиот вселенски лет на Орион со екипаж. Слетувањето на Месечината ќе биде врвот на мисиите Артемис.
Првично планиран за 2024 година, овој исклучително важен настан треба да се случи најрано во 2025 година.
Мисијата ќе однесе четворица астронаути во орбитата на Месечината во вселенското летало Орион, каде што двајца од нив - најмалку една жена - ќе се префрлат во вселенското летало Спејсекс заради конечно приближување до Месечината.
САД помеѓу 1969 и 1972 година испратија 12 астронаути на Месечината.