Упатено кон Марс

Камерата на НАСА го сними кинеското вселенско летало Тјанвен-1 како се оддалечува од Земјата (ВИДЕО)

Вселенско летало или вселенска карпа?

Опсерваторијата поврзана со потфатот на НАСА да ги идентификува потенцијално опасните астероиди забележа нешто подеднакво брзо, но не толку природно: вселенско летало упатено кон Марс.

Тоа возило е кинеската мисија „Тјанвен-1 Марс“, која на 23 јули го почна седуммесечното патување кон Црвената планета. Вселенското летало се состои од орбитер, лендер и ровер, сè спакувано во она за што Кина се надева дека ќе стане нејзината прва успешна мисија на Марс.

Новата анимација на „Тјанвен-1“ како се оддалечува од Земјата дојде од објект во Мауна Лоа на островот Хаваи, кој е една од двете хавајски опсерватории што го сочинуваат Системот за последно предупредување за удар од астероид во Земјата, или АТЛАС. Опсерваториите на АТЛАС редовно откриваат нови небесни објекти.

Но во овој случај, она што прелета пред погледот на АТЛАС не беше небесно тело. Тоа беше второто од трите долгоочекувани летала лансирани на Марс за време на тринеделниот прозорец на орбитално порамнување летово, односно поради позицијата на Марс и Земјата кога двете планети се најблиску една до друга. Поради тие услови, патувањето е нешто пократко.

Кина се надева дека трите роботски компоненти на мисијата Тјанвен-1 ќе испратат дома ризница од научни податоци за Црвената планета.

На лансирањето му претходеше првата меѓупланетарна мисија на Обединетите Арапски Емирати во неделата.

Самата НАСА за три дена, в четврток, планира на Марс да испрати огромен ровер од новата генерација наречен Персевиренс, кој носи и мал експериментален хеликоптер наречен Инџенуити.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе