Истражување: Дождот на Арктикот би можел да го замени снегот побрзо од што се очекуваше

Дождот би можел да ги замени снежните врнежи на Арктикот децении порано отколку што се мислеше, покажа нова студија која предупредува дека промената предизвикана од глобалното загревање може да има последици надвор од тој регион.

EPA-EFE

Арктикот се загрева побрзо од остатокот од планетата, се топи морскиот лед што додава влага во воздухот, а што веројатно ќе ги зголеми врнежите.

Споредувајќи ги најновите проекции со претходните климатски модели, студијата објавена во научниот магазин Нејчр комјуникејшнс проценува дека преминот од врнежите во кои преовладува снегот на оние во кои доминира дождот „ќе дојдат една или две децении порано“.

„Промените ќе бидат посериозни и ќе се случат многу порано од предвиденото и така ќе имаат импликации на животот на Арктикот и надвор од него“, кажа за Франс прес главната авторка на студијата Мишел Меккристал.

„На пример, на есен кога и се случуваат најголемите промени, централниот Арктик може да премине (од снежни врнежи на дожд) околу 2070 година, според најновата низа модели, во споредба со 2090 во претходниот сет“, додаде Меккристал, научничка од канадскиот универзитет Манитоба.

Но сè зависи од степенот на глобалното загревање.

Со моменталното темпо на загревање, дождот би можел да превладее над снегот на Арктикот пред крајот на векот, вели студијата.

Според таа студија, со ограничување на затоплувањето на 1,5 Целзиусови степени што е најамбициозната цел на Парискиот климатски договор од 2015, на Арктикот и понатаму би доминирал снегот.

Гевин Шмит, директорот на Годард институтот за вселенски студии на НАСА, вели дека резултатите „имплицираат дека најлошите последици можат да се избегнат ако земјите ги исполнат своите намери да ги намалат емисиите во согласност со Парискиот договор“.

Но, Шмит додава дека смета дека студијата не докажува дека промената ќе дојде побрзо од очекуваното.

Кога и да настапи, преминот од снег на дожд веројатно ќе има голем ефект врз арктичкиот екосистем и пошироко.

Повеќе дождови со постоечката снежна прекривка би можело да резултира со зголемување на површинскиот мраз кој би им оневозможил на лосовите да бараат храна.

Помалку снежна покривка би значело дека Арктикот ќе изгуби дел од својата способност да ги одбива сончевите зраци од површината на Земјата и тоа би придонело на загревањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе