„Марс, еве нѐ!“

Историски лет: прототипот на ракета на Спејсекс експлодира при слетувањето (ФОТО+ВИДЕО)

Прототипот на ракета на Спејсекс, чија вредност се проценува на околу 220 милиони долари, е уништен за време на пробен лет, но самиот лет сепак се смета за успешен.

Фото: Јутјуб

Всушност, пробниот лет на прототипот СН8 надвор од објектот за тестирање на Спејсекс Бока Чика беше историски, буквално отворајќи пат им пат на луѓето што ќе го колонизираат Марс во догледна иднина.

Прототипот на беспилотната ракета полета и помина околу шест минути во воздухот. За тоа време, тој успеа да ја постигне висинската цел од 1,5 километар, да се преврти и потоа да се врати во вертикална положба, за да се обиде да изведе меко погонско слетување. Сè одеше глатко до тој момент - всушност, како што можете да видите на видеото на Јутјуб подолу, сѐ течеше подобро отколку што кој било од Спејсекс очекуваше.

Илон Маск претходно рече дека ракетата може да експлодира при слетувањето - и така и се случи. СН8 се појави на небото во слободен пад, пред повторно да ги вклучи моторите и да се врати во вертикална положба за слетувањето. Тогаш откажа еден од моторите, а СН8 во огромна огнена топка се сруши на земја.

Атмосферата сепак беше славеничка. Како што истакна самиот Маск на Твитер, експлозијата (и последователното уништување на прототипот од 220 милиони долари), иако несреќна, не го поништува фактот дека пробниот лет беше успешен, бидејќи овозможи да се соберат важни податоци што ќе се користат за идните пробни летови.

„Ги добивме сите потребни податоци!“, напиша Маск на Твитер. „Честитки за тимот на Спејсекс, проклето да!!“

Маск се надева дека првата мисија без екипаж на ракетата на Марс ќе се случи до 2024 година. „Марс, еве нѐ!“, објави тој на Твитер по експлозивното слетување.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе