И Кина стигна на Марс (ВИДЕО)

Кина соопшти дека нејзиниот вселенски брод Тјанвен 1 влегол во орбитата на Марс од каде, во текот на следните месеци ќе го одреди местото за спуштање на својот истражувачки ровер.

EPA-EFE

Кинеската Национална вселенска служба соопшти дека вселенскиот брод ќе ги мине следните три месеци во орбитата на Марс пред спуштањето на модулот со истражувачкиот ровер кој ќе ја снима површината на Црвената планета и ќе ја истражува со помош на специјални сензори.

Кина денес и официјално стана втората држава која успешно стигнала до Марс, откако минатиот четврток на таа планета успешно се спушти американскиот истражувачки ровер Персевиренс.

И Американците и Кинезите ќе истражуваат докази за постоење древен живот на Марс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе