Голем цртеж на мачка откриен во перуанска пустина, стар е 2.000 години (ВИДЕО)

Голем геоглиф на мачка како се одмора е откриен во перуанската пустина Наска. Насканските линии, културно наследство под заштита на Унеско, познати и како геоглифи, се големи цртежи врежани во камениот терен на пустината, а настанале пред 2.000 години.

EPA-EFE

Научниците веруваат дека фигурата на мачката, како и во случајот на другите цртежи на животни во пустината, настанала со создавање вдлабнувања на камениот терен на пустината, пишува Би-би-си.

Илјадници врежани линии, со разновидни геометриски облици и големи биоморфни ликови во облик на мајмун, колибри, кондор, гуптер, пајак, лама и други се импозантни и целосно неразјаснета тајна на далечното минато. Може да се видат само од воздух или од повисока точка.

Новооткриениот цртеж на мачка останал незабележан сѐ до неодамна, кога експерти создавале планови за изградба на нов пат што води до видиковец.

Кога ќе се изгради, видиковецот на посетителите ќе им овозможи поглед на останатите геоглифи на Наска.

„Фигурата беше едвај видлива и само што не исчезнала, бидејќи се наоѓа на прилично стрмна падина што е склона на природна ерозија“, се наведува во соопштението на перуанското министерство за култура и се додава дека геоглифот, долг околу 27 метри, бил исчистен минатата недела.

Џони Исла, главниот перуански археолог за линиите во Наска, кажа дека мачката настанала пред културата на народот Наска, кој ги создал повеќето фигури од 200 до 700 година од нова ера.

Вели дека всушност потекнува од доцната култура на Паракас, која траела од околу 600 години пред новата ера до 200 години од новата ера во долините Чинча, Писко и Ика, јужно од Лима.

„До тоа сознание дојдовме споредувајќи ги иконографиите. На пример, текстилот од Паракас прикажува птици, мачки и луѓе што можат едноставно да се споредат со овие геоглифи“, кажа Исла.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе