Бугарски физичари: Можеби веќе сме ги откриле црвјите дупки

Хипотетичките тунели што поврзуваат далечни региони во вселената би можеле да изгледаат повеќе или помалку како црните дупки, што значи дека можеби веќе сме ги виделе. За среќа, ако е точен еден нов модел предложен од мал тим физичари од Софискиот универзитет во Бугарија, постои начин на кој можеме да ги разликуваме двете појави, вели Саенс алерт.

Фото: Пиксабеј

Ако доволно долго си играте со Ајнштајновата општата теорија на релативноста, можно е да се покаже дека просторно-временската заднина на универзумот може да формира не само длабоки гравитациони јами од кои ништо не може да побегне, туку и чудни планински врвови на кои ништо не може да се искачи.

За разлика од своите мрачни братучеди, овие блескави ридови би избегнале сѐ што ќе им се најде на патот, притоа исфрлајќи струи од честички и зрачење.

Освен слабата можност Големата експлозија да изгледа како една од овие „бели дупки“, досега не е забележано ништо слично на нив. Сепак, тие остануваат интересен концепт за истражување на рабовите на една од најголемите теории во физиката.

Во 1930-тите, Нејтан Розен, колега на Ајнштајн, покажа дека не може да се каже дека длабоко закривеното простор-време на една црна дупка не може да се поврзе со стрмните врвови на белата дупка и да формира еден вид мост, или тунел. Во тоа ќоше на физиката, не важат правилата на нашето вообичаено поимање на далечината, што значи дека таквиот теоретски мост би можел да поврзува огромни далечини во вселената. Во соодветни услови, дури може да е можно материјата низ таквите тунели да патува и да излезе на другиот крај без да ги загуби информациите, горе-долу нечепната.

Така, за да одредат како оваа бела дупка би им изгледала на опсерваториите како што е телескопот Ивент хорајзон (Хоризонт на настани), научниците од Бугарија развиле поедноставен модел на „грлото“ на црвјата дупка како магнетизиран прстен од течност и дале разни претпоставки за тоа како материјата би го опкружувала пред да биде проголтана.

Честичките фатени во овој бесен хаотичен вител би произвеле силни електромагнетни полиња, кои би се појавиле во предвидливи обрасци, поларизирајќи ја секоја светлина емитирана од загреаниот материјал. Токму со следење на поларизирани радиобранови дојдовме до првите фасцинантни слики од црната дупка М87* во 2019 година и од Стрелец А* годинава.

Излегло дека типичната уста на црвјата дупка тешко би се разликувала од поларизираната светлина што ја емитува вителниот диск што ја опкружува црната дупка. По таа логика, М87* би можело да биде црвја дупка. Всушност, црвјите дупки можеби демнат насекаде низ универзумот, од другите краеви на црните дупки, а ние немаме лесен начин да го знаеме тоа.

Што не значи дека нема воопшто никаков начин да го знаеме тоа.

Иако личат на црните дупки, постојат методи што би можеле да ги искористиме за да ги разликуваме. На пример, ако ни се посреќи и добиеме добра слика од некоја потенцијална црвја дупка индиректно видена преку пристојни гравитациони леќи, појасно ќе ги видиме својствата што ја разликуваат од црните дупки.

Но за тоа би ни била потребна гравитациска леќа, односно некаква соодветно поставена маса помеѓу нас и црвјата дупка што би ја искривила нејзината светлина доволно за да ги видиме потребните детали, односно да сними кои црни дупки имаат заден излез.

Постои уште еден метод, за кој исто така е потребна среќа. Ако забележиме црвја дупка под совршен агол, светлината што патува низ нејзиниот влез во наша насока ќе добие уште посилен печат и ќе ни овозможи да откриеме дали има излез на другиот крај низ ѕвездите и подалеку од нив.

Понатамошното моделирање би можело да открие други карактеристики на светлосните бранови што помагаат црвјите дупки да се разликуваат од црните дупки, можност што во последно време ги заинтересира истражувачите.

Дополнителните сознанија за физиката на црвјите дупки може да открие нови патишта за истражување не само на општата релативност, туку и на физиката што го опишува однесувањето на брановите и честичките.

Освен тоа, лекциите научени од ваквите предвидувања може да откријат каде се урива општата релативност, отворајќи неколку сопствени дупки, за да направиме смели нови откритија што би можеле да ни дадат сосема нов начин на гледање на вселената.

Истражувањето под наслов „Поларизирана слика на екваторијална емисија во бесхоризонтно простор-време: црвји дупки низ кои може да се патува“, беше објавено во списанието Физикал ривју Д.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе