Бразилски геолози ја откриле Атлантида?

Бразилски геолози изјавиле дека во јужниот Атлантик, на 1.500 километри од брегот, во висина на Рио де Жанеиро, откриле карпа што би можело да биде дел од Атлантида, континентот што потонал пред 100 милиони години, при одвојувањето на Африка и Јужна Америка.

Парче од гранитната карпа отркиена на дното на океанот
Роберто Вентура Сантос, лидерот на тимот на експерти на Геолошката служба на Бразил (ЦПРМ), кој пред две години, за време на анализата на океанското дно, открил примероци од гранит, карпа што може да се најде само на копно, а не и во море, кажал дека тоа може да биде доказ за постоењето на древната Атлантида, пренесува Ројтерс.

„Тоа би можело да биде бразилската Атлантида. Речиси сме убедени во тоа, но потребно е нашата хипотеза да ја потврдиме со нови докази“, истакнал тој.

„Конечниот научен доказ ќе го добиеме оваа година по новите дупчења и анализата на подводната карпа“, објаснил Вентура Сантос во изјавата за весникот Глобо.

Тој прецизирал дека минатиот месец група истражувачи од Бразил и Јапонија извршиле истражување на геолошкото морско дно по должината на бразилскиот брег.

„Врз основа на тие анализи почнавме да согледуваме дека целата таа област би можела да биде дел од Атлантида, континентот што исчезнал во морето пред многу милиони години“, истакнал Вентура Сантос.

Првиот круг од претседателските избори покажа една битна карактеристика – мнозинството од граѓаните повеќе и веруваат на сегашната власт дека ќе ги заштити нивните интереси, посебно во поглед на круцијалните прашања како што е прашањето за името, сувереноста и интегритетот на државата.

повеќе

Во компаративната анализа на претседателските кампањи на Иванов и Пендаровски, авторот Ѓорѓи Спасов целосно ги занемарува реалните прилики во земјава, во кои се одвива изборното соочување.

повеќе

Во споредба со својата долга историја, Македонците малку време имале држава, но секогаш биле со висок борбен дух и со храбри лидери. Желбата за лидерство дури често пати водела до самoуништување.

повеќе

МКД.мк на Facebook