Боинг лансираше капсула без екипаж на тестен лет во орбитата (ВИДЕО)

Новата капсула на Боинг Старлајнер е лансирана без екипаж во орбитата на тестен лет, кој треба да потврди дека компанијата по двегодишните одложувања и тешкотии е спремна да го преземе превозот на астронаутите до Меѓународната вселенска станица (ИСС).

EPA-EFE

ЦСТ-100 Старлајнер беше лансиран денес во раните утрински часови по средноевропско време од вселенскиот центар Кејп Канаверал на Флорида, со ракета Атлас 5 на Боинг-Локид Мартин во соработка со Јунајтед лонч алајанс (УЛА).

Ако сè помине според планот, капсулата вечерва ќе стигне до Меѓународната вселенска станица, околу 400 километри над Земјата. Претходниот обид во 2019 за малку ќе завршеше со катастрофа и капсулата мораше пред време да се врати на Земјата, без да стигне до ИСС.

Потоа во август 2021 новиот обид мораше да биде откажан во последен момент, дури и пред самото лансирање, поради технички тешкотии откриени при последните проверки.

Во капсулата е лансирана кукла наречена Рози која седи зад командите. Има петнаесетина сензори кои собираат информации за движењата.

Старлајнер освен куклата во вселената однесе и 230 килограми материјали за ИСС.

Капсулата треба да остане четири до пет дена приклучена за вселенската станица пред да се ослободи за враќање на Земјата, а предвидено е нејзино спуштање со падобрани во пустина во Ново Мексико.

Ако мисијата биде успешна, НАСА ќе биде чекор поблиску до остварување на својот план Старлајнер да стане средството за превоз на астронаутите до ИСС и нивно враќање на Земјата.

Откако во 2020 повторно почнаа лансирања со екипажи во орбитата од американско тло, девет години откако беше прекината програмата на спејсшатловите, американската вселенска агенција мораше за превоз на своите астронаути да ги ангажира ракетата Фалкон 9 и капсулите Кру драгон на компанијата Спејсекс во сопственост на мултимилијардерот Илон Маск.

Претходно единствената опција за превоз до вселенската станица и назад беа советските летала Сојуз.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе