Авион три пати побрз од звукот: наскоро доаѓаат леталата на иднината (ВИДЕО)

Компанијата за вселенски туризам Вирџин галактик објави дека потпишала договор со Ролс Ројс за развој на летала за суперсонично патување.

EPA-EFE

Суперсоничното патување е долгорочната намера на Вирџин галактик, компанијата која развива вселенски летала за повеќекратна употреба за да може да испраќа луѓе на кратки патувања до работ на вселената.

Вирџин галактик соопшти дека, заедно со НАСА, го завршил прегледот на дизајнот на леталата и дека сега ќе работи со Сојузната управа за авијација на создавањето рамка за сертифицирање на леталото за летање.

Претходно Боинг вложи 20 милиони долари во Вирџин галактик, за да ѝ помогне во изработката на суперсоничниот авион.

„Досега постигнавме голем напредок и се радуваме на отворањето на новиот хоризонт во брзите патувања“, изјави шефот за вселенски патувања на Вирџин галактик Џорџ Вајтсајд.

Британската компанија Ролс Ројс има славна историја на изработка на авионски мотори, вклучувајќи ги и моторите кои го придвижуваа легендарниот Конкорд.

Почетната цел на Вирџин галактик е танаречениот Мах 3, односно летало три пати побрзо од звукот. Компанијата соопшти дека авионот би можел да превезе меѓу 9 и 19 патници и дека ќе крстосува на надморска височина од над 60.000 стапки (18,2 километри).

Морган Стенли во декемвр минатата година го истакна суперсоничниот потенцијал на Вирџин галактик со прогноза од 800 милијарди долари во годишната продажба до 2040 година за патувања со големи брзини.

Уште неколку приватни компании работат на надзвучни авиони од новата генерација веќе неколку години. Бум суперсоник, Ерион суперсоник и Спајк аероспејс работат на суперсонични патнички авиони, а пред пандемијата на коронавирусот тие компании очекуваа пробните летови да ги спроведат во 2023 или 2024 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе