УСС Зумвалт

Американските медиуми тврдат дека најмодерниот разурнувач останал без муниција, една граната чини 800.000 долари (ВИДЕО)

Воената морнарица на САД решила да не купува муниција за својот најмодерен „стелт“ разурнувач УСС Зумвалт (ДДГ 1000) и сега бара решение за настанатата ситуацја. Проблемот, според американските медиуми, е тоа што една граната за новиот топ со калибар 155 мм чини „скромни“ 800.000 долари.

Според портпаролката на морнарицата Тараја С. Кент, во контекст на анализите на опасноста и реалните потреби, се разгледува можноста за употреба на алтернативни проектили и топови на разурнувачите од класата „зумвалт“.  Тоа, според неа, не значи откажување од ултрамодерниот разурнувач.

Во буџетот на морнарицата е предвидено да се изградат 32 вакви разурнувачи, но поради мерките за штедење ќе бидат направени само три (а и третиот е сега спорен), чија вкупна цена ќе биде 22,5 милијарди, односно 7,5 милијарди долари по брод. Тоа значително го поскапело и производството на гранатите, па цената од предвидените 477 илјади долари за парче, рипнала на 800.000 долари.

Секој брод, односно топот од овој калибар мора да има борбен комплет од 920 гранати (досега се набавени 150).

Како можна замена се спомнува и вградување електромагнетен топ (rail gun) но и некое од веќе постоечките оружја со тој калибар. Сепак, конечна одлука не е донесена, бидејќи за секоја замена за овој топ ќе мора да се издвојат уште околу 250 милиони долари за потребните преправки што ќе го поскапи веќе прескапиот брод.

Намената на новиот топ и гранатите, според спецификациите, била да се „омекнат“ утврдувањата на брегот, за да се овозможи истоварување на маринци.

Од друга страна, американските аналитичари сметаат дека разурнувачот и не е наменет за борба со други бродови, туку за собирање информации и поддршка при специјални операции.

Досега се изградени два разурнувачи од оваа класа, едниот е во вода во матичното пристаниште Сан Диего, додека вториот се подготвува за спуштање во вода и испловување на море.

Новите разурнувачи се долги 180 метри и имаат депласман од речиси 16.000 тони. Екипажот е составен од 147 морнари и 28 авијатичари.

Главното оружје на новите бродови се два топа од 155 милиметри со дострел од 80 наутички миљи, два топа од 30 мм и 80 лансери за крстосувачки проектили, а го придвижуваат мотори кои развуваат 78 мегавати што му овозможува да крстосува со брзина од 30 јазли.

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе

Многу македонски „интелектуалци“, новинари и политичари се повеќе загрижени од можноста да се направи т.н. македонска платформа, отколку од последиците за земјата од прифаќањето на т.н. албанска платформа.

повеќе