ТОС-2 „тосочка“

Американци го пофалија новото руско антитенковско оружје (ВИДЕО)

Повеќецевниот ракетен систем ТОС-2 „тосочка“ лесно може да го уништи секој непријателски тенк, пишува американскиот магазин Нешнал интерест.

Screenshot

Магазинот системот го нарекува „страшното ново руско оружје“.

„Иако многу држави, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, престанаа да користат ракетни системи, Москва ги удвои напорите да ги употреби овие системи на современото бојно поле. Наместо системите кои ги користеше пешадијата за време на двете светски војни, Русија ги направи ТОС-1А „солнцепек“, повеќекратната ракетна платформа поставена на шасијата на тенкот Т-72 за лансирање термобарични проектили“, пишува американскиот магазин.

За разлика од своите претходници, ТОС-2 е базиран на шасија со тркала преземена од незапирливиот камион „Урал“.

„Тоа му дава изглед сличен на славниот ракетен систем со повеќе лансирни цевки БМ-13, кој беше користен за време на Втората светска војна и беше познат под прекарот „качуша““, се наведува во текстот.

Повеќецевниот ракетен систем ТОС-2 е модерно оружје со зголемен дострел на гаѓање, автоматизирани системи за лансирање и контрола на огнот.

Руската војска ја покажа борбената сила на ракетниот систем на воената вежба Кавказ 2020. Термобаричните ракети лесно ги погодуваа целите кои симулираа оклопни возила.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе