Прогнози на Европската комисија

Враќањето на европската економија на нивото пред пандемијата е побрзо од очекуваното

Европската економија би требало да се врати на нивото од пред пандемијата во последните три месеци од оваа година, што е за четвртина порано отколку што се предвидуваше претходно, според летната прогноза на Европската комисија.

Фото: ЕПА

Сепак, Европската комисија предупреди на ризиците што ги носат новите соеви на коронавирусот, кои мора да се скротат за да се избегне воведување нови ограничувачки мерки.

Извршното тело на Европската Унија, исто така, очекува повисока инфлација оваа година за 19 членки на еврозоната отколку што беше претходно предвидувано, но проценува дека растот на потрошувачките цени ќе забави следната година.

ЕК предвидува раст во еврозоната од 4,8 проценти оваа година, што е значително повеќе од растот од 4,3 проценти што го предвиде во мај.

Промената во прогнозата главно се должи на отворањето на економиите на членките на блокот во вториот квартал од оваа година, што беше од корист на услужниот сектор и се очекува да има поволно влијание врз туризмот во рамките на ЕУ, соопшти Комисијата.

Закрепнувањето од економската криза предизвикана од пандемијата, според проекциите, ќе продолжи и следната година, кога еврозоната треба да има раст од 4,5 проценти, што е повеќе од 4,4, како што беше предвидено во мај.

Сепак, Комисијата предупреди дека ризиците остануваат високи, иако во моментот изгледаат избалансирани. ЕК повика на интензивирање на кампањите за вакцинација за борба против заканите предизвикани од ширењето и појавата на новите соеви на коронавирусот, особено заразната делта-варијанта.

Цитирајќи ги податоците од Европската агенција за превенција на болести, ЕК соопшти дека очекува делта-сојот да стане доминантен во Европа ова лето.

„Мора да ги удвоиме нашите напори, засновани на импресивниот напредок постигнат во последните месеци: ширењето на делта-сојот е остар потсетник дека сè уште не сме излегле од сенката на пандемијата“, рече европскиот комесар за економија Паоло Џентилони.

И покрај реалните стравувања од ширење на инфекцијата, Брисел ги промени прогнозите за раст годинава за трите најголеми економии во блокот. Според новата прогноза, се очекува раст од 6 проценти за Франција, 5 проценти за Италија и 3,6 проценти за Германија, објави Ројтерс.

Следната година, растот ќе се забрза до 4,6 проценти во Германија, а се очекува да остане на силни 4,2 проценти во Франција и Италија, иако прогнозите за Италија се нешто намалени од претходно предвидуваните 4,4 проценти.

Инфлацијата, која е една од најголемите причини за загриженост кај економистите додека се забрзува глобалниот економски раст, се предвидува да достигне 1,9 проценти во еврозоната, повеќе од 1,7 проценти, колку што предвидуваше Комисијата во својата прогноза за мај. Следната година се очекува да забави на 1,4.

Европската централна банка предвиде дека инфлацијата ќе биде нешто под два проценти, потсетува британската агенција.

Сепак, „инфлацијата може да биде поголема од очекуваната, доколку продолжат проблемите со снабдувањето и ако ценовните притисоци имаат посилно влијание врз потрошувачките цени“, предупреди Европската комисија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе