Водата им се придружи на златото и нафтата на берзата, експертите очекуваат вештачко кревање на цената

Водата им се придружи на златото, нафтата и останатата стока со која се тргува на Волстрит.

EPA-EFE

Тоа покажува колку овој ресурс е ограничен и колку, и покрај тоа сознание, водиме сметка за него.

Од оваа недела земјоделците, инвестициските фондови и општините ќе можат да се обложуваат на потенцијален недостиг од вода, откако ЦМЕ групата пушти на берзата фјучерси од калифорнискиот пазар вредни 1,1 милијарди долари.

Според наводите на оваа компанија, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на водата подобро да управуваат со ризиците и поадекватно да ги усогласат понудата и побарувачката.

Тоа всушност не значи дека ќе се тргува со водата за пиење од водоводите на комуналните претпријатија, туку со договорите од оваа област. И додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за унапредување на ефикасноста на потрошувачката на водата, аналитичарите велат дека фјучерсите отвораат можност за вештачко кревање на нејзината цена. Воведувањето на овие „водени“ фјучерси на финансискиот пазар беше најавено уште во септември кога топлотни бранови и пожари дивееја по западниот брег на САД.

„Климатските промени, сушите, растот на популацијата и загадувањето веројатно во следните години ќе поттикнат голем раст на цената на водата“, го објаснува овој феномен Дин Дреј, аналитичар и директор на РБЦ капитал маркетс.

Како што пишува Блумберг, уште сега снабдувањето со вода е голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните години би можело да стане проблем за две третини од светската популација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе