Сирија се придружува на кинеската иницијатива Појас и пат

Сирија се придружи на иницијативата Појас и пат, со која ќе им се пружи помош на блискоисточните земји да создадат нови прилики за соработка со Кина и други земји.

EPA-EFE

Како што пренесува Кинеската медиумска група (ЦМГ), церемонијата на придружување е одржана вчера, за време на потпишувањето на меморандумот за разбирање во Комисијата за планирање и меѓународна соработка во Дамаск.

На церемонијата учествувале Фадил Калил, шефот на Комисијата и кинескиот амбасадор Фенг Бијао.

Калил изјави дека придружувањето на иницијативата ја оживува старата улога на Сирија на древниот Пат на свилата и дека ќе ја зајакне билатералната соработка со Кина и мултилатералната соработка со други земји.

Тој кажа дека Сирија била една од главните земји на древниот Пат на свилата, кој има врска со градот Алепо и Палмира.

Придружувањето ги покажува и древната и долга историја, пријателството и соработката меѓу Сирија и Кина, наведе Калил.

Фенг изјави дека соработката на двете земји претставува голем придонес во економската обнова и општествениот развој на Сирија, и дека соработката го јакне поврзувањето на иницијативата Појас и пат и стратегијата кон Истокот.

Укажа и дека иницијативата е во согласност со силната желба на светските земји за широко економско учество, бидејќи е најголемата платформа за меѓународна соработка во светот.

Инцијативата Појас и пат која ја почна Кина во 2013 година, го опфаќа економскиот Пат на свилата и поморскиот пат на свилата во 21 век. Целта на иницијативата е изградба на трговска, инвестициска и инфраструктурна мрежа која ја поврзува Азија со другите делови од светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе