Си-ен-ен: Како милиони невработени Американци можат да си дозволат да не работат?

Еден од најподлите митови оваа година беше дека младите не сакаат да работат бидејќи им е доволна државната помош, пишува Си-ен-ен. Луѓето имаат премногу пари, се нагласува во овој наратив. Единствениот проблем е што бројките не го потврдуваат тоа. Наместо тоа, предвременото пензионирање, без разлика дали е принудно поради пандемијата или на друг начин, игра голема улога на пазарот на труд во САД.

Фото: ЕПА

Во последните две години луѓето го напуштаа работно активното население од различни причини - отпуштања, здравствена несигурност, потреба за грижа за децата и голем број лични проблеми што произлегуваат од нарушувања поврзани со пандемијата. Но меѓу оние што заминале и што не можат или не сакаат да се вратат се повеќето постари Американци што го забрзале пензионирањето, пишува Си-ен-ен.

Во почетокот на декември, главната економистка на АДП, Нела Ричардсон, рече дека силната берза заедно со растот на цените на куќите дава некои можности за повисоки приходи. Веќе видовме дека голем дел од работната сила на бумерите се повлекува. И сега тие се во подобра позиција. Во процената на закрепнувањето на бројот на работни места, економистите забележаа дека стапката на невработеност е намалена, но стапката на учество во работно активното население не се подобрила со исто темпо. Но Џаред Бернштајн, член на Советот на економски советници на претседателот Џо Бајден, вели дека се појавува многу појасна слика кога работниците постари од 55 години ќе се исклучат од метриката.

Заминуваат на други работни места или за подобра плата

Во ноември, 3,6 милиони Американци повеќе го напуштиле работно активното население во споредба со ноември 2019 година, вели Арон Соџурнер, економист и професор на колеџот за менаџмент Карлсон на Универзитетот во Минесота. Американците постари од 55 години сочинуваат дури 90% од тоа зголемување. „Мислам дека многу наративи ги замислуваат работниците од првата доба како непостојани, но оваа ситуација се објаснува со однесувањето на постарите“, изјави Соџурнер за Си-ен-ен.

Често споменуваниот недостиг од работна сила стана синтагма за комплицираната реалност на работно активното население во ерата на пандемијата. Американците даваат откази во рекорден број, повеќе од четири милиони секој месец од јули, но голем дел од тие откази се случува кај млади луѓе што заминуваат на други работни места или на подобри плати. Тие не го напуштаат работно активното население.

„Дел од тоа е немањето квалитетни работни места. Мистеријата е зошто работодавците не ги зголемуваат платите и не ги подобруваат работните услови доволно брзо за да привлечат луѓе. Велат дека сакаат да вработат луѓе, има 11 милиони слободни работни места, но не ги отвораат работните места што луѓето ги сакаат“, вели Соџурнер.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел го истакна ова прашање за време на прес-конференцијата во средата: „Зад сето тоа стои демографски тренд. Прашањето е колку луѓе можеме да задржиме, но она што можеме да го направиме е да се обидеме да создадеме услови за луѓето да се вратат“.

Компаниите ги зголемуваат платите за да привлечат и да го задржат персоналот

Некои компании ги зголемуваат платите за да привлечат и да го задржат персоналот. Други нудат бонуси за потпишување договори. Но економистите не се сигурни дали овие стимулации ќе ги подобрат условите за вработените на долг рок.

„Можеби јас сакам 65-инчен телевизор за 50 долари, но тоа не значи дека има недостиг од телевизори, тоа само значи дека јас не сум спремен да платам доволно за некој да ми продаде телевизор“, вели Соџурнер.

Речиси 70% од петте милиони луѓе што го напуштиле работно активното население за време на пандемијата се на возраст над 55 години, а многумина не сакаат да се вратат. Пензионирањето обично е потрајно од другите напуштања на работно активното население, велат истражувачите. Сепак, тие очекуваат дека подобрувањето на состојбата со коронавирусот и зголемената стапка на вакцинација ќе им овозможат на постарите работници да се вратат во работно активното население.

Во нормални времиња, пензионерите често се враќаат на работа. Но стапката на враќање значително се намали за време на пандемијата, што го влоши недостигот од работници. Постојат некакви знаци дека постарите луѓе се враќаат на работа бидејќи стапките на вакцинација се зголемуваат и работодавците нудат повисоки плати. Стапката на враќање на работа падна на нешто повеќе од два проценти во почетокот на пандемијата, но во последните месеци се зголеми на околу 2,6 проценти. Тоа сè уште е помалку од стапката пред пандемијата од околу три проценти.

Од друга страна, постарите работници потенцијално се натпреваруваат со помлади, поквалификувани кандидати за работа, што би можело да го направи нивното враќање поголем предизвик, заклучува Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе