Горивото од резервите треба да го надополни недоволното снабдување поради ограничените товарни капацитети на реката Рајна и логистичките проблеми со странскиот железнички превоз. Владата оваа година веќе два пати пласираше гориво од стратегиските резерви со тоа што на компаниите кои се должни да ги полнат им одобри помали квоти од обично, пишува Ројтерс.
Стратегиските резерви или задолжителните залихи бензин, дизел и мазут се доволни за околу 4,5 месеци нормална потрошувачка. Во случајот на керозинот, резервите се доволни за околу три месеци, се наведува во владиното соопштение. Владиниот указ за пуштање во промет на нафтените деривати од стратегиските резерви ќе остане на сила „сè додека ситуацијата тоа апсолутно го бара“, се додава во соопштението.
Нафтени деривати од резервите последен пат се пуштени во продажба во 2005, 2010 и 2019 година. Од владата на компаниите им препорачаа, ако можат, од почетокот на октомври наместо природен гас да користат мазут.