Швајцарија пушта гориво од стратегиските резерви на пазарот

Швајцарската влада најави дека на почетокот на октомври на пазарот ќе пласира бензин, дизел, мазут и керозин од стратегиските резерви за да обезбеди снабдување на домашната економија со нафтени деривати.

EPA-EFE

Горивото од резервите треба да го надополни недоволното снабдување поради ограничените товарни капацитети на реката Рајна и логистичките проблеми со странскиот железнички превоз. Владата оваа година веќе два пати пласираше гориво од стратегиските резерви со тоа што на компаниите кои се должни да ги полнат им одобри помали квоти од обично, пишува Ројтерс.

Стратегиските резерви или задолжителните залихи бензин, дизел и мазут се доволни за околу 4,5 месеци нормална потрошувачка. Во случајот на керозинот, резервите се доволни за околу три месеци, се наведува во владиното соопштение. Владиниот указ за пуштање во промет на нафтените деривати од стратегиските резерви ќе остане на сила „сè додека ситуацијата тоа апсолутно го бара“, се додава во соопштението.

Нафтени деривати од резервите последен пат се пуштени во продажба во 2005, 2010 и 2019 година. Од владата на компаниите им препорачаа, ако можат, од почетокот на октомври наместо природен гас да користат мазут.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе