Рускиот нафтен џин

Шефот на Роснефт: Европскиот данок на јаглерод е полош за економијата од санкциите

Шефот на рускиот нафтен џин Роснефт го предупреди Кремљ дека данокот на јаглерод, каков што планира да воведе Европската Унија, би можел да ѝ нанесе на руската економија далеку поголема штета од санкциите, јави рускиот весник Комерсант.

EPA-EFE

Европската Унија најави дека во 2026 година ќе воведе данок на производите од увоз чие производство ја загадува животната средина, како челикот.

Данокот би го плаќале увозниците, а Москва проценува дека би го опфатил увозот на железна руда, алуминиумски цевки, струја и цемент од Русија во вредност од 7,6 милијарди долари.

На конечната листа ќе бидат додадени и нафтата, гасот и јагленот, тврди Москва.

 

Игор Сечин, шефот на Роснефт, го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека воведувањето таков данок во ЕУ, а потоа можеби и во други земји, би можело „да ѝ нанесе неспоредливо поголема штета на економијата отколку незаконските санкции воведени на Русија и руските компании“, пишува весникот.

Писмото е со датум 30 јуни, наведува Комерсант.

Западот на Русија ѝ воведе санкции за припојувањето на Кримскиот Полуостров во 2014 година, потсетува Ројтерс.

Сечин во писмото му сугерирал на Путин да се обиде Русија да ја стави на листата земји кои ќе бидат ослободени од плаќање на новиот данок поради капацитетот за апсорпција на штетните гасови.

Тој предложил да се договори меѓународно признавање на капацитетите за апсорпција на руските шуми.

Предложил да се развие и систем да се договори меѓународно признавање на единиците јаглерод утврдени со руска методологија, наведува Комерсант.

Ројтерс истакнува дека не можеле да добијат потврда на информациите наведени во извештајот, додавајќи дека од Роснефт не одговориле на барањето за коментар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе