САД ќе ѝ предложат на Европа наместо ембарго – воведување царини на руската нафта

Службениците на американското министерство за финансии денеска објавија дека планираат на овонеделниот состанок на министрите за финансии на Групата Г7 да предложат европските земји да воведат царини на увозот на руската нафта, што би билo побрза алтернатива нa воведувањето целосно нафтено ембарго.

Фото: ЕПА

Службениците на ЕУ ја разгледуваат можноста за постепено ембарго на увозот на руската нафта во склопот на шестиот круг санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, но загриженоста на одделни ЕУ-членки на истокот на континентот во врска со снабдувањето претставува голема пречка за овој план.

Царинскиот механизам што би требало да го предложат САД би бил дизајниран така што руската нафта да остане на пазарот, но да се ограничи износот на приходите што може да ги остварува Москва преку нејзиниот извоз, се дознава од американското Министерство за финансии. Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г7 би требало да се состанат оваа недела.

Царината би ја намалила руската добивка

Бидејќи руската нафта се продава со попуст во однос на глобалната референтна вредност, царината би можела да се постави на ниво што би опфатило дел од тој јаз и така би ја намалила руската добивка, порачаа американските функционери. Меѓутоа, царината би морала да биде доволно ниска за Русија да заработува повеќе отколку што ја чини производството, со што би имала поттик за продолжување на извозот, додадоа тие.

Со држењето на руската нафта на пазарот би се избегнале потенцијалните понатамошни скокови на цената на нафтата поради европското ембарго, кои, пак, би можеле да го надоместат влијанието на ембаргото на руските приходи.

Функционерите на министерството тврдат дека многу влади имаат изразено желба да престанат да купуваат руска нафта колку што е можно порано, но тоа со себе носи голем ризик од тоа дека директното ембарго би можело значително да ја зголеми цената на нафтата.

Американското министерство за финансии ги разгледува механизмите за одредување на цените, вклучително и на царината, за да помогне да се заштити глобалното стопанство од понатамошната штета поради високите цени на енергенсите. Приходот од царините би можел да се слева во фондот за обнова на Украина, со што би се задоволила желбата Москва да плати барем дел од потребната масовна обнова.

Овој предлог уследи откако италијанскиот премиер Марио Драги минатата недела за време на состанокот со американскиот претседател Џо Бајден ја изнесе идејата за формирање картел на купувачи на нафта за да се помогне да се ограничи цената на нафтата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе